Во рамките на регионалниот ИПА проект „Поделено минато – заедничка иднина“ граѓанската организација „Прогрес – Институт за социјална демократија“ организира презентација на истражувањето и јавна дискусија „Процесот на помирување во Западен Балкан и Турција: состојба во Република Македонија“ што ќе се одржи во среда 30 мај, во хотел Холидеј Ин – Скопје (Daily room) со почеток во 11:30 часот.
На дискусијата воведно излагање ќе Тоше Зафиров – истражувач од Прогрес- Институт за социјална демократија, Проф. Д-р Рубин Земон и Д-р Александар Спасов.
Модератор на дискусијата ќе биде Д-р Сашо Додовски.
Главна цел на проектот „Поделено минато – Заедничка иднина“ е граѓанските организации да бидат препознаени од Владите во регионот како важен општествен фактор со силен капацитет за градење на мир и помирување.
Проектот вклучува 18 организации од повеќе земји со различни вештини и области на екпертиза. Со комбинација на овие специфични можности проектот се базира на широка соработка и вмрежување на партнерските организации.
Партнерски организации од Македонија вклучени во проектот се Младински културен центар – Битола и Прогрес – Институт за социјална демократија.
МЛ