• Latest

Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

July 10, 2025
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

July 10, 2025 12:27
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕСТАН ЈОНУЗИ / Фронтлајн

Во момент кога Европскиот парламент испраќа позитивни сигнали кон Северна Македонија, Владата предводена од Христијан Мицкоски сѐ повеќе го продлабочува застојот и го зголемува јазот меѓу реториката за „европска иднина“ и реалната политичка акција. Додека Албанија го забрзува интеграцискиот процес и ужива отворена поддршка од Бугарија и Европската унија, Македонија останува заглавена во домашни конфликти, стравови од уставни измени и неодлучност која ја чини иднината.

Извештајот за Северна Македонија усвоен од Европскиот парламент, иако не ги содржи контроверзните амандмани на некои бугарски и грчки европратеници, е сепак последно предупредување – прозорецот за делување е сѐ поистенчен. Известувачот Томас Вајц недвосмислено порача дека земјата „покажува вистинска посветеност“, но нејзиното членство е „неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови“.

ЕУ ни подава рака – но Владата гледа во друг правец

Во исто време кога Европската комисија преку еврокомесарката Марта Кос јасно порача дека „Македонија припаѓа во Европската Унија“, Владата не само што не покажува храброст да го продолжи процесот, туку и свесно го саботира. Премиерот Мицкоски и неговата влада продолжуваат да играат на карта на националистичка реторика и одложување, а не на реформи и консензус.

Вајц, во својата изјава, ги повика сите политички партии да се вклучат во конструктивен дијалог. Но со оглед на почетниот курс на Владата – конфронтации со ЕУ, негирање на обврските и недостиг на политичка храброст – ваквиот повик останува без одговор.

Во Европскиот парламент, гласовите за поддршка на македонскиот идентитет беа јасни – од словенечкиот до словачкиот европратеник. Ирена Јовева порача: „На македонскиот народ не му треба дозвола да постои. Но на вас ви треба храброст да го признаете тоа.“ Оваа храброст очигледно недостасува токму кај македонската влада.

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент и додаде „најважно е да се истакне дека идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки. Идентитетот и јазикот најдобро тие се бранат со полноправно членство во ЕУ“.

Албанија – пример за напредок и европска зрелост

Додека Македонија тапка во место, Албанија го користи моментумот. Претседателката на албанскиот парламент Елиса Спиропали во официјална посета на Бугарија доби јасна и гласна поддршка од највисоките институции на Софија. Соработката се продлабочува, интеграцијата се забрзува, а Албанија се позиционира како стабилен и сериозен европски партнер.

Како што изјави Спиропали: „Бугарија е силен поддржувач на интеграцијата на нашата земја во Европската Унија… добрососедските односи се приоритет.“ Пораката е јасна: додека Скопје бара изговори, Тирана гради мостови. Додека Владата на Мицкоски калкулира со политички поени, Албанија освојува доверба и кредибилитет.

Историјата нема да ги запамети изговорите, туку резултатите. И додека Македонија одново и одново се врти околу сопствената оска, Албанија веќе го минува крстопатот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ