• Latest

Македонската правда во „канџите“ на Груевски и Мијалков, за Американците – и двајцата остануваат криминалци!

October 21, 2023
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонската правда во „канџите“ на Груевски и Мијалков, за Американците – и двајцата остануваат криминалци!

October 21, 2023 15:15
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Измените во Кривичниот законик – продолжуваат да бидат топ тема на политичката сцена во Северна Македонија, со меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата за наводни политички калкулации во име на правдата.

Од друга страна, граѓаните и интелектуалците кои беа жртви на 11-годишниот режим на Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков во аферата со прислушувањето, која во 2015 година ја обелодени поранешниот опозициски „бунтовник“ Зоран Заев, велат дека се чувствуваат омаловажени по привилегиите што Груевски и Мијалков ги стекнаа како резултат на измените во Кривичниот законик.

Правните експерти се поделени. Едни прстот го вперуваат во неажурноста на судството, а други дека тоа е едноставно „политичко пазарење“ со кое се привилегираат одредени лица на сметка на граѓаните, а граѓаните продолжуваат да ја цементираат својата недоверба кон институциите кои треба да ја делат правдата.

Гордан Калајџиев

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев во изјава за „Фронтлајн“ вели дека поранешниот премиер, Никола Груевски, и поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, правдата не ги стигнала не затоа што се привилегирани, туку затоа што институциите се неспособни и неорганизирани.

– Правдата не ги стигнала не затоа што се привилегирани, туку затоа што институциите се неспособни и неорганизирани. Не може една постапка да трае 10 години. Точка! – смета проф. Калајџиев.

Запрашан дали ова е неправда, и дали жртвите од масовното прислушување од режимот на Груевски се понижени со овие постапки, професорот вели дека нормално е да се незадоволни, бидејќи никогаш не добија убедлив одговор на прашањето кој прислушуваше.

– Жртвите секако се незадоволни затоа што никогаш не добија убедлив одговор на прашањето кој прислушуваше. Главната грешка беше уште изборот на Катица. Кога ќе посадите криви краставици – немојте да чекате прави. Широчината на фронтот што СЈО го отвори (големиот број обвиненија) не беше реален за тајмингот што го добија. Плус, целиот систем е спор и корумпиран! Со партиски поставени обвинители кои го саботираат системот одвнатре. И така, кој корумпиран, кој неспособен… еден работи, двајца му сметаат… – подвлекува проф. Калајџиев.

Јасмин Калач

Од друга страна адвокатот Јасмин Калач вели дека обичниот граѓанин беше шокиран и фрапиран кога се објави веста низ медиумите дека се прават измени во постојниот Кривичен законик, кои беа експресно истуркани, во брза постапка во Собранието, со ЕУ знаменце.

– Особено од причини што со тие измени на КЗ кои веќе се добро познати, застаруваат одредени кривични дела за кои беа гонети Сашо Мијалков, Никола Груевски и други високи политички функционери. Народот требаше да види, низ една правична и судска постапка, пресуда која ќе ја открие вистината, особено за предметот Таргет/Тврдина. Исто така, битно е да се напомене дека со тие измени и за сите лица за кои се воделе или се водат кривични постапки за овие кривични дела опфатени со измените на КЗ како Злоупотреба на службена положба и овластување, како и сите лица за кои пресудите се неправосилни и имаат жалби на повисоките судови ќе се спасат од кривичен прогон или ќе добијат многу помали казни од постоечките, изјави Калач за „Фронтлајн“.

Овие измени, додава тој, им одат во прилог и на сите други кои во иднина би биле обвинети за овој вид на кривични дела.

– Трошоците кои ќе паднат на товар на буџетот на државата поради застарувањето на овие кривични дела и кои согласно ЗКП ќе треба да им се исплатат на обвинетите, ќе бидат многу високи. Цифрата ќе има доста нули. Од друга страна „не држи вода“ премисата дека постапките и предметите кои ги водеше СЈО биле многу сложени и комплексни, бидејќи од друга страна имаме многу брзо спроведени постапки со правосилни пресуди како за предметот за 27 Април или Диво Насеље. А за обичниот граѓанин да не зборуваме. За обичните граѓани сторители на кривични дела судиите со леснотија одредуваат затворски казни и затоа затворите ни се преполни. Ова само ни укажува на фактот дека дефинитивно постои висока корупција и селективност во судството и обвинителството, нагласува адвокатот.

На ова, според него, се однесува и последната изјава на Холандскиот амбасадор Коп, кој рече дека „ситуацијата во правосудниот сектор нè остави без друга опција, освен да ја евалуираме нашата поддршка која што ја даваме“.

– Ние веќе станавме држава во која владее беззаконие, или пак подобро кажано селективна примена на закони. Како последица на сето тоа постои големо незадоволство кај обичниот граѓанин и довербата во судството е падната на 0%, потенцира адвокатот Јасмин Калач.

Ќенан Алиу

Политичкиот аналитичар и правник по вокација Ќенан Алиу вели дека епилогот на целата оваа дебата останува тоа што државата не донесе правда за мега скандалот на деценијата, прислушувањето на над 20.000 граѓани со висок профил.

– Ова се менаџира со влијание на политиката и на крајот со комплетирање и измена на кривичниот законик. Иако за Никола Груевски и Сашо Мијалков, тоа не е поврзано со сите дела, но оваа промена донесе големо олеснување. Така злоупотребувачите со моќта на власта некои од своите подредени ги ставија зад решетки на неколку години. Целото општество го предизвикуваат парадоксите кои ги депримираат граѓаните, а последица е напуштање на државата, а тоа несомнено му штети на развојот на државата од секој аспект, изјави Алиу за „Фронтлајн“.

Интервју на претседателот Пендаровски за Фронтлајн и Цивил Медиа

И претседателот на државата Стево Пендаровски го иритира фактот што никој нема да одговара за прислушувањето, во кое беше прислушуван и тој.

– Жално е. Апсолутно ме лути што никој нема да одговара за прислушувањето. И јас бев една од жртвите на прислушувањето. Во некои ситуации постои тенденција за забавување на работите. Имате екстремни случаи кога сме два дена пред пресудата, еден од судиите на судот се пензионира и се враќаме на почетокот на случајот… И никој не беше свесен за ова, изјави Пендаровски во едно од цоите последни телевизиски гостувања.

Груевски, Мијалков

Иако Сашо Мијалков „избега“ од правдата користејќи интриги и правни дупки, користејќи го незаконското стекнатото богатство заедно со неговиот братучед Никола Груевски кој чека „виза“ за враќање во Северна Македонија, сепак и двајцата не може да избега од американската правда, кој, со одлука на Стејт департментот, се ставени на црната листа.

Од Стејт департментот сметаат дека поранешниот премиер и екс директорот на УБК преставуваат закана за стабилноста на регионот на Западен Балкан и тоа преку корупција, криминал и други незаконски активности.

Имињата на Груевски и Мијалков на листата на Министерството за финансии на САД

Од тие причини, САД ги замрзнува имотите и забранува секакви трансакции со лица од САД. Но санкциите не се однесуваат само на Груевски и Мијалков, туку и на нивните семејства.

– Никола Груевски е осуден и останува осомничен во повеќе случаи за корупција, а обвинет е и за злоупотреба на службената положба, перење пари и други прекршоци во периодот додека беше премиер, од 2006 до 2016 година. Груевски се смета за одговорен, за соучесник или за директно или индиректно поврзан со корупција или поткуп во Западен Балкан за лична или политичка цел, соопшти Стејт департментот.

Стејт департментот смета дека делата на Груевски и Мијалков го поткопуваат владеењето на правото, демократијата, довербата во институциите и во Владата.

– Мијалков е инволвиран во шема за местење на гласови и во процес на незаконско прислушкување на 20.000 лица, вклучително политичари од спротивниот табор, судии и новинари, со што обезбедил политичка и економска добивка. Мијалков се смета за одговорен, за соучесник или за директно или индиректно инволвиран во активности или политики, што го поткопуваат демократскиот процес и институциите во Западен Балкан. Овие акции се однесуваат на борбата со корупцијата. Не се работи за политичка акција, ниту намера за поддршка на било која политичка партија во која било од државите каде воведовме санкции за конкретни личности. И ќе продолжиме да го правиме тоа секогаш кога ќе видиме и ќе докажеме корупција – нагласија од Стејт департментот при објава на одлуката.

Аферата за прислушување, која ја објави Зоран Заев во 2015, е петта по ред афера која се однесува на прислушување за само две децении. Таа извади на виделина како режимот на Никола Груевски го злоупотребувал државниот апарат и буџет за групни и индивидуални интереси. Аферата „Големо уво“ на Зоран Заев извади на виделина и нескротливото влијание врз судството и злоупотребата на органите на тајната полиција за притисок врз граѓаните и кон оние кои мислеа поинаку од нивниот режим.

Дестан Јонузи/Фронтлајн

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Кривичен законикправни експертиСАД
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ