Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил го објави отворениот повик на преведувачките служби на ЕУ за толкувачи со македонски јазик.
-Македонскиот јазик во ЕУ. Преведувачките служби на ЕУ го отворија повикот и организираат тестирања за акредитација на конференциски толкувачи со македонски јазик (МК) како А-јазик. Краен рок за поднесување онлајн апликациии е 19.01.2024, објави Маричиќ на Фејсбук.
Тој го објави линкот за пријавување: https://europa.eu/interpretation/freelance.html , и ги повика сите заинтересирани македонски толкувачи „да се пријават и со тоа да придонесат кон професионално толкување и промоција на македонскиот јазик низ институциите на Европската Унија“.
М. Д.