• Latest

Македонските бели гласачки ливчиња

October 23, 2021

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонските бели гласачки ливчиња

Би ги запрашал многуте политички коментатори кои излегоа пред камерите после првиот круг на локалните избори или пишуваат свои статии на социјални мрежи или во медиуми: дали може да се казни СДСМ а при тоа да не се награди ВМРО ДПМНЕ? Резултатот покажува дека - не може! Да потсетам што се случи со српските избори во 2012 година кога големите интелектуалци од либертинскиот Белград решија да пуштаат бели ливчиња и да го казнат претседателот Тадиќ? Е па тие покрај тогашниот претседател, ја казнија Србија последните девет години да живее во црн мрак!

October 23, 2021 09:15
in ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Ако се пресметаат гласовите на ДОМ, ЛДП, некогашните сегменти на шарената револуција и оние гласачи кои одлучија да имаат пасивен ден за време на локалните избори, си отседеа дома, пред телевизорите, денес би имале поинакви резултати. Суштински! Сликата може да потсетува на фрлањето на бели гласачки ливчиња во избирачките кутии пред девет години во Србија, кога земја со силна либертинска интелигенција си направи харакири и се оттргна себе си од можноста да одлучува за себе си, за своите деца и за општата, па и регионалната иднина. Некои важни чинители во земјава не умеат да гледаат подалеку од носот, од своите егоистички, неостварени соништа. На сметка на општите квалитети на живеењето

Неделните аналитички кругови  по телевизиските студија после затворањето на избирачките места во неделата ја започнаа со видливата паника – „што да правиме со гостите“. Прво, ДИК јави дека се додека не се затвори и последното избирачко место (а имаше продолжено гласање во дузина места) молкот трае. Во студијата имало грицкање на ноктите, пред се оние кои треба да прошетаат по студијата и кои се стандардно аналитични онолку колку што тоа и одговара на опозицијата. Одложувањето на присуството на некои најавени имиња можеби се должи и на фактот дека до вистинските резултати на ДИК ќе им треба долго да стигнат, па толку издолжената ноќ секако расипува многу планови.

И ноќта навистина беше долга а во неа имаше две етапи. Првата фаза беше еуфоријата кај ВМРО ДПМНЕ, која пренесувана преку стратешки поставените а сепак присутни (морале) аналитичари требаше да донесе еуфорично расположение, таму надвор и со труби и ора и да означи пресвртница – постојната Влада ќе падне! Добрите резултати на локалните избори требаа, нели, веднаш да се прелеат во нови избори (да не заборавиме последните парламентарни избори ги имавме пред нешто малку повеќе од една година). И потоа за оние криминалци и сатрапи надвор и внатре ќе дојде „уриетот“, што е нели, крајната цел на сите тактики и стратегии кои се кројат во Будимпешта а се процесуираат во онаа зградата наречена Шампита на Плоштадот ВМРО ДПМНЕ.

И сѐ течеше според сценариото. Очајните прогнозери од локалните избори 2017 година, сместени во две тв студија цела вечер – како континуирани коментатори, претходно добро исмејани, со право – беа во функција на медиумските могули. Тие, ќе се види подоцна, го имаа линкот со „победниците“ и промпнтно реагираа и ја вртеа дискусијата како што се менуваа работите. При тоа, држеа доволно ниво на злоба на лицата, демек дојдоа нивните пет минути. Вербално а еднаш и со посебен график тие требаа да бидат круната на вечерниот триумф на црвено-црните. Во принцип тие и одредени новинари, Геровски, на пример, беа веднаш да се собираат гласовите за советниците, како да имаме замислена една изборна единица и така да се претворат локалните избори во парламентарни, па власта тукуречи веднаш да се преземе и на централно ниво. И како што рече Латас – двајцата затворени во Шутка, Батучедот и Орце Камчев да се најдат на слобода!

Да, Данела ете вечерта започна да води во Скопје на пример и многу и помогнало што во првите преброени гласови во Сарај, на пример, за старт, таа добила 500 гласови. Тоа е секако она лоби кое незаконски работи на приватизација на Кањонот Матка. И кое е во судир со ставот на градоначалникот за статусот на тоа култно место. Но, како се сигурни во таборот на Данела дека тие гласови се истите на кои треба да сметаат и во вториот круг, кој ќе мора да го има? И кога раководството од Мала Речица ќе започне да врти рака на подолните функционери? Дали во таков случај „зелената коалиција“ ќе гласа за Данела или против неа? И кои гласови ќе се бројат во конечниот скор на таа хипотетичка една изборна единица. Оние од првиот или вториот круг?

Факт е дека со истекот на времето трубите пред штабот на ВМРО ДПМНЕ секнаа и дека ората се прекинаа – или снемало ракија или бројките почнаа да ги разбиструваат одредени глави, но во своето обраќање до нацијата Мицковски излезе со тезата (онаа број 2) дека треба во овие моменти да се формира некаква коалиција на спасот, на националното единство и слично. (Што би рекол Латас од старите денови – па,па,па).

Ова веќе беше најавено од споменатите аналитичари (оние анкетари де, од претходните години) и токму како реализирање на некаква техничка влада во неколку наредни години, додека не минат кризните моменти (пандемијата, преговорите со Бугарија и слично)! Значи дојдовме до втората фаза или планот Б, штом планот А се покажа дека се изјаловил, односно се погледнал од аголот на можните и очекувани изненадувања во вториот круг на изборите. Со овој нов предлог би и олеснило на ВМРО ДПМНЕ пред нејзините спонзори и идејни архитекти – би се прескокнале нови предизборни кампањи, политички прегрупирања и слични „дребулии“, секако и меѓународниот притисок врз одредени актери, а оние од затворот сепак би се нашле – надвор! Долг е таму денот, тешко се издржува…

Одговорот на Заев дојде веднаш потоа. Беше во стилот дека гледано топтан левицата победува во најголем дел од земјата и дека постојните коалициони партнери во Парламентот немаат потреба да се секираат – и на локална власт, после сите прегрејувања во предизборните кампањи ќе и дојде време на пад на берзанската цена.

Дали може да не се остварат премиеровите проценки? Имаме едно слично искуство во соседна Србија. Она со т.н. бели ливчиња од 2012 година кога големите интелектуалци од Белград повикаа да се спуштаат бели ливчиња во гласачките сандачиња. Тие беа разочарани од политиката на Тадиќ „и Косово и Европа“, но потоа во следните девет години, значи се уште стенкаат под режимот на Вучиќ и немаат ни минимални шанси на било какви избори за макар и трошка власт! Таа грешка секој може како сака денес да ја толкува во либертинскиот дел на Србија, ама направената беља со белите ливчиња и денес одржува темни облаци над тој, поквалитетниот дел од интелектуалците во Србија. А ситуацијата во Белград е следна – и оваа власт реално е на истиот Тадиќев став „и Косово и Европа“!

Кои се нашите бели ливчиња? Тоа се токму оние коалициони партнери на СДСМ (тоа се ЛДП, ДОМ, парталчињата од некогашната шарена револуција) кои се издвоија, никаде не освоија градоначалничко место ама го „зијанија“ својот поголем брат. Тоа е исто како да фрлиле бели ливчиња во гласачката кутија. Замислете сега пред какви се не нивните кадри ќе бидат изложени како притисок, како ќе изгледа перспективата на земјата во рамките на актуелните менгемиња?

Црвен аларм има – прст во глава пред вториот круг! Пред да ја упропастите земјата, вие „казнувачите“, гледајте неколку чекори барем пред себе.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ