• Latest

Македонските граѓани преку Црвениот крст донира околу 10 милиони денари за настраданите во земјотресите во Турција и Сиријa

February 8, 2023

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонските граѓани преку Црвениот крст донира околу 10 милиони денари за настраданите во земјотресите во Турција и Сиријa

February 8, 2023 16:48
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Црвениот крст на Северна Македонија на прес конференцијата во врска со катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија објави дека граѓаните на Северна Македонија и овој пат ја покажаа својата солидарност на дело и заклучно со 07.02.2023 година преку донаторските телефонските линии се собрани вкупно 3.363.800 денари, додека во Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 6.467.192 денари. Вкупно собрани се 9.830.992 денари.

Исто така Црвениот крст од своите стокови резерви издвои 1.000 семејни пакети со храна, 1.500 хигиенски пакети и 4.000 ќебиња.

Амбасадорот на Република Турција во Скопје г- дин  Хасан Мехмет Секизќок изрази голема благодарност до сите граѓани на РСМ за несебичната хуманоста и солидарноста кои ја покажуваат.

Во координација со Амбасада на Република Турција во РСМ договорено е во наредниот период активностите да бидат насочени кон собирање хуманитарна помош во финансиски средства.

Од Црвениот крст велат дека ги поддржуваат напорите и активностите кои се однесуваат на донирање на материјална помош од фирми и компании. Помалите донации и иницијативи на граѓаните добро е да се пренасочат во собирање финансиски средства, не во материјални добра бидејќи царинските ограничувања не овозможуваат дотур на таква хуманитарна помош.

Со цел да бидеме поефикасни и подиректни и побрзи во помошта преферираме сите активности заедно да ги координираме и да ги насочиме во правец на мотивирање на граѓаните и населението да донираат парични средства. Собраните пари по завршување на кампањата ќе бидат префрлени на Турската Црвена полумесечина и Сириската Арапска Црвена полумесечина кои знаат како на најдобар начин може да се покријат хуманитарните потреби на своите граѓаните, велат од македонскиот Црвент крст.

Прес конференцијата беше отворена од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити и амбасадорот на Република Турција во Скопје г- дин  Хасан Мехмет Секизќок.

М. Д.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: донацииземјотреспомошСиријаТуркијеЦрвен Крст на Северна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ