• Latest
Војо Маневски

Македонските патишта за Европа

May 30, 2021
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонските патишта за Европа

May 30, 2021 13:39
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Неделава што измина се наслушавме за отворање на патишта. Те од овде до онде, па натаму, па дотаму. Ќе нè чини толку, па оволку и сл. А бога ми и странски државници ни го покажуваа правецот кој треба да го фатиме и по кој пат да одиме, а патиштата господови се незнаени. Од толку употребување на именката „пат“ некако во уши ми останува звукот на „патење“. Секој пат на граѓаните на оваа малечка земја, што повеќе личи на раскрсница е патење и неизвесност. Добрите патишта се изгледа резервирани за други.

Е, кој пат да го фатиме за Европа? Колку страни на светот, има толку и правци имаме. Да почнеме прво со правецот на Југ.

Тој правец си го знаеме и поодамна и сега. Порано за Солун се одело како денес што се оди во Скопје, што и да ти треба таму ќе го бараш. После правецот се свртел од Солунско на Север, многумина го фатиле тој пат и стигнале дури до Ташкент и средноевропските држави. Не зошто го одбрале тој правец, туку затоа што виорите на војната ги однеле натаму. Некогаш трасата на правецот кон Југ се изместувала, па место покрај Вардар водел преку Колешино и Беласица, па до логорите за бегалци на Халкидики. Плажите сѐ уште не биле во функција и патот продолжувал кон Австралија и Канада. Струмичани во Мелбурн сѐ уште раскажуваат за тој пат кон подобриот живот, иако таа рута одамна е затворена. Ако сега преку Југ тргнеме за Европа може повторно да одбереме некој таков правец и да завршиме во далечните дестинации. За тапиите и нивите по Пожарско да не зборуваме. Тој правец може да има и скриени мински полиња што ќе не забават и приморат да останеме по туристичките места, а после спротивен правец и назад во Северна. А и името докрај не го расчистивме, па може да дојде до дезориентација на правците. Постои опасност место на Запад да залутаме во друг правец. Засега тој правец треба да се држи во резерва и внимателно да се испитува квалитетот на патиштата.

На Исток да тргнеме? Од таму ни порачуваат дека сите патишта за Европа воделе преку Софија. Некако изгледа, патот заобиколен и со нови крстосници. И тој правец ни е познат и во двата правци. Во Софија се одело исто како и за Солун. Штом ти треба нешто барај го таму. И за сол и за басма се одело во Софија. И од таму светот се фаќал, до Констанца, до Одеса. На таа попатна станица се останувало како за привремено што преминало во засекогаш. Сега тој правец за нас е деликатен зошто уште на перонот на станицата може да ти се јави некој одамна заборавен роднина и да те потсети на заедничките корења. И како што знае роднинската милост да прерасне во бескрајна расправија, така и сега сме во опасност да се докажуваме кој од кое коренче израснал и кој го наследил оригиналниот квалитет. Колку тоа дрво денес дава плодови и со каков квалитет се тие, не е актуелна тема. За корените се расправаме, а вода на нив не ставаме. А без вода може и да се исуши и коренот и стеблото. И на тој правец има крстосници колку сакаш. Може и таму да залутаме во некој друг правец и да се свестиме дека сме залутале на Исток, во некои студени и магловити предели, па да мораме како оче наш секој ден „Тга за југ“ да си ја кажуваме.

Да фатиме на Запад мои драги сограѓани. Тој правец за некои од нас  е познат и посакуван, ама за другите е тотално непознат. Кога е нешто непознато тогаш илјада сомнежи изникнуваат. Високи се планините, лош е коловозот и најголемиот сомнеж за тој правец е “ од таму како ќе стигнеме во Европа„. Преку море не ни е сигурно, слабо стоиме со пливањето. Голем дел од нашите граѓани не се осмелуваат ни кадата да ја полнат до врв, а и гаргара ретко прават, постои можност да се удават во водата. Големо е и просторното прашање за пероните на кои се чека превозот за Европа. И домаќините стојат со полни куфери и чекаат возот да добие дозвола за пат кон Европа. Може и да направиме гужва чекајќи, па отправникот да избира само подобни што ќе се качат на возот. Другите сѐ во опасност да им пропадне картата што скапо ја платиле. Постои опасност и да го налутиме европскиот скретничар, па да го остави возот на станицата и да ни каже на сите – правецот е затворен има поправки на пругата.

На Север да тргнеме на патот кон Европа? Правецот ни е познат и по тој пат одиме веќе скоро еден век. Калдрмата ја излижавме, патувајќи за Белград, по сѐ и сешто. И за дерби натпревари, на концерти, на студии и за сѐ и сешто одевме за Белград. Се сеќавате ли на онаа песна од шеесеттите „возот браќа тргнува право за Германија“. Тој воз одеше во тој правец, а најмногу стоеше токму на таа станица. После продолжуваше за Јесенице, па Минхен, Нирберг и Бон.

Да тргнеме на Север ни е познато, а и вакцинирани сме со нивни подарок вакцини, лесно ќе поминеме граничен премин. За атмосферата на патувањето нема да имаме проблем, затоа што музиката што ја пуштаат е истата што се слуша и по нашите такси возила и кафулиња, на свадби и веселби. Малку ќе мора да се потсетуваме после оваа ковид пауза за веселби, ама ние сме весел народ и за такви активности секогаш сме подготвени. Арно ама, е секогаш има нешто такво. И кај нив за тој правец има еден затворен перон. И кај нив  има подготвени куфери и патници, ама возот не добива дозвола за тргнување. Имало еден вагон што бил без декларација, а Европа бара прво да го признае Србија и да го исклучи од својата композиција. Тој вагон требало да добие нова локомотива. Проблемот е што нема технички персонал што би ја направил таа операција, се плашат дека од другите вагони можат да излезат патниците и да се упатат со протести кон дирекцијата на железницата.

Тој перон со заглавеност го имаме и дома, а да стоиме долго на туѓа станица не ни треба. Посебно што може да не фати зима и да треба да носиме капи. Е тогаш може да дојде до промена на капите според модата, па некои наши сограѓани да почнат да носат шајкачи и шубари. Не дека ќе им биде тешко после да ги сменат со друга капа, туку ќе мора меѓу себе да се објаснуваме дали е тоа заради модата или заради главата.

И така ни останува да бараме некој друг правец. Кон небото да гледаме и да велиме дека сме небески народ нема да е добро. И тој правец во небеските правци е заземен од нашите драги соседи. Тие сите сметаат дека Господ е само на нивна страна и дека се од него предодредени за небесни народи.

Нема друго ќе мора да се потпреме на себе. Ние сме познати како добри домаќини и секој гостин ни е добредојден. Е штом е така, да ја повикаме таа Европа да ни дојде на гости. Да ни покаже како да изградиме правна држава. Како да направиме одржлива економија, како да се бориме против себе и корумпираниот карактер на нашите претставници и слични алатки, кои таа Европа ги употребува веќе со векови за да има пристоен живот за своите граѓани. Колку гостите ќе заседнат ќе зависи од нас и нашата способност да научиме тие алатки да ги користиме.

А без приказна не е убаво да ја завршам колумнава. Еден мој тетин кој словеше за паметен човек со бистар ум, пред 45 години го испраќаше својот син на полициско училиште. Се разбира имаше солзи и упатства за покривање ноќеска и носење долги гаќи во зимските месеци, но ми остана во спомен една негова  мисла: „Мое беше да ти го дадам правецот и да те качам на вистинскиот воз, а понатаму е твое, ако се качиш на погрешен воз сите станици после се погрешни“.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ