Францускиот претседател Емануел Макрон повика денеска за самит на НАТО „што е можно поскоро“, откако Русија изврши напад врз соседот Украина, соопшти неговиот кабинет.
„Претседателот сака самитот на НАТО да се одржи што е можно поскоро, во координација со нашите партнери и сојузници“, наведе во соопштение претседателството. Потегот е одговор на повиците од Британија и Полска пред прес-конференцијата подоцна во текот на денот на шефот на НАТО, Јенс Столтенберг.