Малолетничка од Куманово побегнала од дома оти не сакала татко ѝ по трет пат да ја омажи за пари.
„На 14.07.2024 во 22.00 часот во СВР Куманово, малолетничка од Куманово пријавила дека нејзиниот татко Џ.С. од Куманово два пати ја мажел за одреден паричен надомест и кога дознала дека планира и трет пат да ја омажи побегнала од живеалиштето и го пријавила настанот во полициска станица“, велат од МВР.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: Архива