• Latest

Манчевски и Адеми: Обезбедени ваучери за дигитални вештини за млади до 29 години

June 18, 2020
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Манчевски и Адеми: Обезбедени ваучери за дигитални вештини за млади до 29 години

June 18, 2020 13:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за образование и наука Арбер Адеми, на денешната прес-конференција ја презентираа уредбата за доделување на ваучери на млади лица за обуки за дигитални вештини.
Манчевски истакна дека целта е да им се помогне на младите подготвени да се соочат со предизвиците кои се резултат на здравствено-економската криза, да бидат конкурентни за работни места каде платите се повисоки и секако поради недостатокот на ИКТ кадар.

„Пандемијата предизвикана од КОВИД-19, донесе нови правила на работа и неопходно е сите да се прилагодиме. Дигиталната трансформација и дигиталните вештини се наметнаа за неопходни како никогаш претходно. Преку ваучерите за дигитални вештини, со покривање на половина од трошоците,  им овозможуваме на младите лица да добијат обуки со кои ќе бидат спремни брзо да најдат работа за повисока плата. Предвидуваме да се финансираат обуки за од најосновни до напредни  дигитални вештини. Вкупниот буџет е во износ од 150.000.000 денари“, информираше министерот Манчевски.

Правните лица кои ќе се пријават, како и обуките кои ќе ги понудат ќе бидат селектирани од Дигиталниот форум. Дигиталниот форум е независно тело, во кое членуваат претставници на универзитетите со ИКТ студии, четирите стопански комори, ИКТ експерти и двајца претставници на институциите, односно Владата.  Оваа одлука е донесена со цел јавноста да биде сигурна дека селекцијата на обуките ќе биде направена транспарентно и согласно потребите на пазарот на трудот.

„Обуките ќе опфатат дигитални вештини за управување со софтверски апликации и хардверски компоненти,  вештини на напредно програмирање, вештини за употреба на дигитални технологии, како и поврзани вештини преку кои се овозможува употреба на информациско комуникациски технологии. Дигиталниот форум ќе ја утврди листата на даватели на обуки за дигитални и обуките за дигитални вештини. Пријавувањето на младите луѓе, исто така ќе оди преку националниот портал uslugi.gov.mk“, рече Манчевски.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, се осврна на пакетите мерки кои МОН ги обезбедува со цел помош и поддршка на младите. Станува збор за две уредби од кои првата уредба предвидува доделување средства за набавка на училишен прибор, на средношколци кои потекнуваат од семејства со ниски приходи. Втората уредба предвидува доделување на средства на студенти од семејства со низок приход, за покривање на дел од трошоците за партиципација за студирање или за сместување во студентски дом, односно приватно сместување.

„Пријавувањето и за двете уредби на оние кои ги исполнуваат условите е на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, односно www.dixhitalizohu.mon.gov.mk. Уредбите се креирани во насока на одржување на ученичкиот и студентскиот стандард, јакнење на личната куповна моќ, како и за поддршка на процесот на стекнување дигитални и ИТ вештини за поголема конкурентност и полесен настап на пазарот на трудот“, заклучи Адеми.
Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ