• Latest

Манчевски: Земјите од Западен Балкан заедно работат на трансформација на јавната администрација

June 23, 2018
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Манчевски: Земјите од Западен Балкан заедно работат на трансформација на јавната администрација

June 23, 2018 11:50
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Земјите од Западен Балкан заедно работат на трансформација на јавната администрација, дигитално се се поврзуваат за да ги премостат инфраструктурните јазови и да се борат против корупцијата, порача министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на работилницата на тема: „Постигнувања и предизвици во реформата на јавната администрација во земјите од Западен Балкан“ во Маракеш, Мароко.

Работилницата е во организација на РеСПА, и е во рамки на меѓународниот форум за јавна администрација на тема: „Трансформирање на власта за остварување на целите за одржлив развој”, во организација на Обединетите нации.

Министерот Манчевски, зборуваше за врската помеѓу информатичкото општество и администрацијата.

– Многу луѓе ме прашуваат каква е поврзаноста помеѓу информатичкото општество и администрацијата. Само пред неколку години, го поставував и јас ова прашање. Но, во денешно време, во овој 21 век, јадрото, основата на реформата на јавната администрација е ИКТ. Јадрото на промените на нашите општества, нашите животи е ИКТ. Многу земји го направија скокот напред и ги прифатија промените. Колку побрзо ќе прифатиме да се промениме и ние, толку подобро ќе бидеме за нашите граѓани, рече Манчевски.

Додаде дека дигиталната трансформација во администрацијата не е лесна.

– Тоа е всушност прилично скап потфат. Таа ги зема инвестициите во инфраструктурата, но и во човечките ресурси. Но конечно, имаме свест за важноста од овие промени. Но, конечно, и навистина сум среќен што сите земји од Западен Балкан се на иста линија, бидејќи само со здружени напори можеме да направиме нешто повеќе за нашите граѓани. Пример за тоа беше Дигиталниот самит во Скопје, каде што истакнавме дека сме обединети во дигиталната трансформација во администрацијата. Дека имаме волја, посветеност и соработка, заедно да ја прифатиме промената, истакна Манчевски.

Зборувајќи за продобивките од дигитализацијата, тој потенцираше дека со дигитализацијата се надминува и проблемот со корупцијата во администрацијата.

– Еден од главните предизвици во администрацијата и бизнисите во секоја земја е борбата со корупцијата. Човечкиот фактор, па дури и јас би рекол дека човечката природа е генератор на корупција. И повторно доаѓаме до ИКТ и дигитализацијата. Дигитализацијата значително ги намалува можностите за корупција. Автоматизираните и дигитализираните процеси не можат да бидат корумпирани. А лошата вест е дека на Балканот имаме проблеми со корупцијата. Но, добрата вест е што решивме дигитално да се поврземе и да ги премостиме инфраструктурните јазови со дигитални решенија и дигитално да се бориме против корупцијата. Клучен фактор, повторно, е силната волја и определувањето на клучните засегнати страни, заедно со силната поддршка што ја добиваме од нашите партнери, заклучи министерот Манчевски. (МИА)

Tags: администрацијаМанчевскиреформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ