На крајот од периодот кој го нарекуваме либерализам, или пост либерализам, кога се зборува за мултикултурализмот, тоа значи дека се зборува за нешто што е нужност. Светот не може да живее во кратки културни средини, колку и да се влијателни, вели новинарот Војо Маневски за ЦИВИЛ Медиа.
„Да не зборуваме дека можеби дел од културите, националните култури не се по род граѓани, државјани или национ од тие држави, туку се големи културни дејци. Македонија има долга традиција на мултикултуралимот, бидејќи народите што живееле биле неминовно упатени едни кон други за да опстанат, за да творат. Јас можам да напишам за Штип голем дел за такви случаи, за нужноста од мултикултурализмот.
Многу често употребувам еден термин кој се вика „к’смет“, кој е турски израз, бидејќи ми го опишува начинот на живот и комуникацијата со моите сограѓани. Мултикултурализмот е нужен и заради една друга работа, потребата да се ѕирне низ прозорецот на другиот, е човечка, веројатно некоја воајерска карактеристика, меѓутоа, тоа е нужност. Ако го ограничиш видикот на она што ти е дадено да го имаш како начин на однесување или културно рамниште, културен образец, ќе остане засекогаш таму. Но, кога ќе го отвориш прозорецот, ти се отвораат многу прозорци и имаш желба и потреба да го видиш.“, порача Маневски.
Д. Тахири
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.