Денешниот свет е светот на влијание, постојат центри кои се неформални центри на моќ кои пак се контролирани од други центри, кои шират пропаганда и лажни вести, вели новинарот Војо Маневски за ЦИВИЛ Медиа.
„Дали се сеќавате на бомбрардирањето на соседна Југославија кога еден глумец беше пропагандист на НАТО. Или, примерот во Македонија при продажбата на „Бучим“ во Радовиш кога дојде еден глумец кој им кажал дека е инвеститор. Таа пропаганда им се предава на студентите.
На крај треба да се види кој има корист од тоа, од тие лажни вести и пропаганда. Пропагандната порака зависи каде е упатена, надвор или внатре.
Руските војници кои се нечии татковци, деца, треба да им се објасни што бранат во Украина? Фашизмот, нацизмот? Колку е голем тој Азовски батањон, 200 -300 души? Па ти праќаш 200.000 војници во Украина, напаѓаш со најсовремени ракети, и сега проблемот беа еден батањон војници. Тоа е за да се смири внатрешното население, а второ, големите сили секогаш се борат за престиж, оправдување на своите чекори. Ние никогаш не видовме извинување од империите“, вели Маневски.
Д. Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети