• Latest

Манифестација во Илинден: „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“

April 16, 2020

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Манифестација во Илинден: „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“

April 16, 2020 12:30
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“, којашто Општина Илинден ја негува веќе 14-та година во континуитет, поради вонредната состојба на пандемијата со коронавирусот, годинава ќе добие сосема нов лик.

Од Општина Илинден информираат дека ова манифестација ги обединува културата, уметноста и традицијата.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски во соработка со книгоиздателската куќа „Матица Македонска“, на Општинската библиотека „Илинден“ и подарија 1000 книги од познати реномирани домашни и светски писатели и лектирни изданија.

– Со манифестацијата што традиционално се одржува секоја година на Велики четврток, во пресрет на големиот христијански празник Велигден, во изминатите 13 години секој посетител на манифестацијата во Домот на култура „Илинден“ што ќе даруваше книга за возврат добиваше црвено Велигденско јајце. Досега се обезбедени триесет и шест илјади книги (36000 книги) благодарејќи на оваа благородна манифестација наменети за Општинската библиотека „Илинден“, библиотеката во Домот на култура „Марино“ и училишните библиотеки во општинските основни училишта: „Гоце Делчев“ – Илинден, „Ристо Крле“ – Кадино и „Браќа Миладиновци“ – Миладиновци, се вели во соопштението.

Манифестациите „Подарете книга за Велигденско јајце-симбол на Христовото Воскресение“, како и Литературната манифестација „Илинден“, по кои Општина Илинден стана препознатлива во земјата и пошироко во регионот, имаат за цел пишаниот збор да го доближат до што поголем број граѓани, како и да ги интензивираат и промовираат современите културни достигнувања, тие и во иднина ќе бидат во врвот на приоритетите на локалната самоуправа во областа на културата.

– Големи се придобивките од Манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце-симбол на Христовото Воскресение“, најнапред, благодарејќи на оваа манифестација учениците од ООУ „Ристо Крле“ добија сопствена библиотека со значителен фонд на книги, посебно лектирни изданија, се овозможи отворање на нови работни места за библиотекари, имаме збогатување на библиотечниот фонд во библиотеките во основните училишта „Гоце Делчев“ и „Браќа Миладиновци“, а како резултат на повеќегодишната континуирана реализација на оваа манифестација беше отворена и првата Општинска библиотека „Илинден“, а потоа и втората, библиотеката во Домот на културата во Марино, посочуваат од општината.

Учениците од основните училишта, како и од Средното општинско стручно училиште „Илинден“, на располагање имаат библиотеки богати со книги од сите жанрови, како и пристап до неопходните лектирни изданија и тоа по повеќе примероци од секој наслов, што овозможува повеќемина ученици во ист период да можат ја имаат потребната лектира.

Оттаму посочуваат дека ова манифестацијатаси  ја остварува својата цел и ја доближи книгата до сите генерации. – Но, она што особено радува е тоа што пишаниот збор го доближи до најмладите, до оние кои со секоја новопрочитана книга стануваат побогати за ново искуство, побогати со нови сознанија и се разбира помудри и поподготвени за животот пред нив. Веќе имаме и повеќемина ученици од основните училишта кои издадоа и промовираа сопствени книги, велат од Општина Илинден.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ