• Latest
Министерот за правда Бојан Маричиќ на 15 години од основањето на Академијата за судии и овинители, извор: ФБ страница на Маричиќ

Маричиќ: Академијата за судии и јавни обвинители, единствена гаранција за влез на најдобрите кадри во правосудството

December 1, 2021
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Академијата за судии и јавни обвинители, единствена гаранција за влез на најдобрите кадри во правосудството

December 1, 2021 19:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Министерот за правда Бојан Маричиќ на 15 години од основањето на Академијата за судии и овинители, извор: ФБ страница на Маричиќ
Share on FacebookShare on Twitter

Во обраќање на свечениот настан по повод 15-годишнината од основањето на Академијата за судии и јавни обвинители, министерот за правда, Бојан Маричиќ се осврна на важноста и значењето на Академијата, како и на заложбите што Министерството за правда и Владата ги прават за нејзин развој и усовршување преку реформата во правосудниот систем, соопштија од Министерството за правда.

„Тука Академијата ја игра најважната улога. Таа е „храм на образованието во правосудниот систем“, изворот на квалитетни и стручни судии и јавни обвинители и единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите кадри. Но, може да се каже и дека е појдовна точка за целокупниот правосуден систем со значајна улога на чувар на достоинството и кредибилитетот на судиите и јавните обвинители“, изстакна  министерот Маричиќ во обраќањето.

Тој потенцираше дека измените и дополнувањата на Законот за Академија на судиите и јавните обвинители се во насока на исполнување на заложбата и ангажманот на Владата и Министерството за правда во процесот на креирање на независен, непристрасен и ефикасен правосуден систем кој одговара на европските стандарди.

„Академијата и понатаму останува единствена точка за влез во судството и јавното обвинителството, каде судиите и јавните обвинители во континуитет добиваат стручно усовршување на теоретските и практичните знаења според однапред подготвени програми, дизајнирани според потребите на целните групи. Ова е формулата која носи квалитет во правосудниот систем и продуцира кадри на судии и обвинители кои покрај домашното законодавство, ја знаат и применуваат Европската Конвенција за човекови права и слободи, законодавството на ЕУ и други меѓународни стандарди“, посочи Маричиќ, кој честиташе за досегашната работа на Академијата и посака да продолжи посветено работи и понатаму заради квалитетот на идните генерации на судии и јавни обвинители, заштита на професијата, граѓаните, но и заради напредокот на државата која, како што посочи министерот, одлучно работи на европската агенда.

Академијата на Маричиќ му додели Благодарница за неговиот ангажман и придонес како министер за правда во развојот на Академијата, соопшти Министерството за правда.

Ц.Д

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ