• Latest

Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде рака, очекуваме да го отстранат несогласувањето со Преговарачката рамка

May 19, 2022
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
Фото: Скриншот ТВ Телма

ССНМ: Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите

May 16, 2025

За пожарот во модуларната болница во Тетово, двајцата директори осудени на ефективна затворска казна од година и шест месеци

May 16, 2025
Фотографија: МИА архива

Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри

May 16, 2025
Фото: Скриншот од лајв видео на ВВС

Украинските и руските претставници се сретнаа лице в лице во Истанбул, прв пат по три години

May 16, 2025

Пораки од Тирана: Санкции за притисок врз Кремљ, Путин несериозен во врска со мирот

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде рака, очекуваме да го отстранат несогласувањето со Преговарачката рамка

May 19, 2022 15:29
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Покажавме дека знаеме да градиме мостови со соседите и да подадеме рака. Денес, Владата на Бугарија и претседателот Румен Радев, имаат историска можност да подадат рака да изградиме мост на доверба и пријателство. Очекуваме да го отстранат несогласувањето со Преговарачката рамка, ослободена од сите билатерални товари, за да може да ја одржиме правата меѓувладина конференција и со тоа да започне процесот на пристапни преговори, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на панел дискусијата „Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор: Нови прашања за европската иднината и дилемите поврзани со проширувањето“, пренесува МИА.

– Ние сме пријатели со Бугарија и ќе градиме пријателски односи. Први сме соседи, сојузници во НАТО, ќе бидеме заедно и во ЕУ. Стратешко долгорочно пријателство мора да се гради постојано. Лесно се рушат мостови, но тешко и долго се градат. Ние сме подготвени да градиме мостови на трајно пријателство, но потребно е да имаме меѓусебно почитување и основа за заштита на нашите интереси, порача Маричиќ.

Тој оцени дека дилемата околу иднината на Европа стана прашање во јавниот дискурс поради стагнацијата во политиката на проширувањето на Унијата и тоа со почетокот на војната во Украина, која за жал, на најтрагичен начин покажа дека прашањето за проширување е истовремено и безбедносно прашање како за регионот, така и за самата Унија и веќе не е прашање само за кредибилитетот на ЕУ.

– Ние одамна ја имаме надминато оваа стратешка крстосница и не само што донесовме правилни одлуки и постојано докажавме дека сме искрен и доверлив партнер на Унијата, туку и цврсто чекориме кон реализација на целите. И затоа очекуваме државите членки на Унијата, да ја прилагодат оптиката на реалноста и да одговорат на денешните предизвици од кои ќе зависи иднината на Европа, истакна Маричиќ.

Тој оцени дека иако во изминатите три децении ЕУ не остана имуна ниту на надворешните, ниту на внатрешните кризи, а тоа го гледаме и денес, но 30 години подоцна Европа тешко наоѓа друг, поинаков проект што би ја заменил.

– Верувам дека значењето на Договорот од Мастрихт за се поповрзана Европа ќе опстои и денес и ќе продолжи да пулсира во ова турбулентно време во кое живееме. Јас би рекол дека и резултатите и успешноста на овој процес ќе се потврдат и во ова време-невреме, кога зборовите единство, солидарност, демократија, суверенитет и интегритет ќе го имаат својот вистински звук и ќе добиваат многу на значење, заклучи вицепремиерот за европски прашања.

 

Претседателката на Европското движење Милева Ѓуровска, на отворањето на панел дискусијата рече дека, војната на европско тло е закана за мирот на целиот континент и една причина повеќе за поголема солидарност со земјите кандидатки за членство.

– Подолго време добивавме само охрабрувачки зборови, но реално процесот е во статус кво состојба. Ова особено се однесува на нашата држава, која покажа политичка храброст за промена на името и отвореност да ги прифати новите преговарачки услови, изјави Ѓуровска.  
Официјалниот претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Даниел Браун, порача дека прашањето за членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ е од безбедносен аспект и многу поважно од кога било досега.

– Ние во рамките на ЕУ сакаме да бидеме заедница на вредности и да бидеме меѓусебно солидарни и мислам дека не е полезно проблемите надвор од ЕУ да се користат како средство за притисок и на тој начин да се спречува членство. Знаеме дека перспективата сега не е многу оптимистичка, меѓутоа Германија и многу земји од ЕУ и институциите овде работат со полна пареа на тоа. Но, и ние не можеме секогаш да ги убедиме сите, не можеме да постигнеме консензус, а тоа е средство што го користи ЕУ, изјави Браун.

Панел дискусијата се одржа во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Европското движење во Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, во рамки на одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ