• Latest

Маричиќ: Де јуре и де факто, процесот започна пред два дена на 19 јули кога ја одржавме првата меѓувладина конференција

July 21, 2022
Фото: Х

Амбасадорката Дир: Крим е Украина, кримските Татари се народ што се спротивставува и памти

May 18, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Емпатија кон суверенот

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE24

Романија, Полска и Португалија денес гласаат на тесни и неизвесни избори, клучни за нивната иднина

May 18, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор Ukrainian Institute of America)

ЦИВИЛ го одбележува 18 мај: Солидарност со кримските Татари против историските и тековните репресии

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBC News

ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Хамас предлага ослободување на повеќе заложници во новите разговори за прекин на огнот по израелската офанзива

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Во Ватикан се одржува инаугурациската миса на папата Лео XIV, Зеленски и Џ. Д. Венс меѓу присутните

May 18, 2025

Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ и Ден на сеќавање на жртвите од политичките репресии: Русија го наследи советскиот систем на репресија, криминал и убиства

May 18, 2025
Фотомонташа: Скриншот од видео на ЕВН/ екран од мобилен

Пола Македонија рано утрово без струја, телефоните за пријавување дефекти на ЕВН останаа „глуви“

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Двајца загинати и 19 повредени при судир на брод на мексиканската морнарица во Бруклинскиот мост

May 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Маричиќ: Де јуре и де факто, процесот започна пред два дена на 19 јули кога ја одржавме првата меѓувладина конференција

July 21, 2022 12:48
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ., на денешната прес конференција ја презентираше временската рамка за стартот и завршувањето на процесот на скрининг со Европската Унија, при што нагласи дека  преговорите се започнати онака како што беше ветено, со заштитен македонски јазик и идентитет, и сето тоа е направено пред се заради нас, за нашите граѓани и за нашите деца да живеат подобро и да живеат како сите останати европски народи.

– Де јуре и де факто, процесот започна пред два дена на 19 јули кога ја одржавме првата меѓувладина конференција која ја означува последната етапа од нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, изјави Маричиќ .

Тој дополни дека ова е реализација на стратешката определба на државата по 17 години од добивањето кандидатски статуз за членство во ЕУ.

-Тоа е наша стратешка определба од осамостојувањето на државата која станува реалност по 21 година од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација и 17 години откако го добивме статусот кандидат за членство во ЕУ, рече Маричиќ.

Тој посочии и дека веќе 45 отсто од нашето законодавство е усогласено со европското и дека се зголемуваат капацитетите за превод на македонски јазик.

– Скринигот се состои од две фази. Објаснувачки скриниг каде Европската комисија на државата кандидат и ги презентира клучните правни акти за секое поглавје и билатерален скриниг каде земјата кандидат го презентира степенот на усогласеност на националното законодавство согласно со презентираните акти на  ЕУ за време на претходната фаза, но исто така и институционалните капацитети и спроведувањето на законите, нагласи Маричиќ.

Маричиќ на прес конференцијата објасни дека скринингот, на кој се гледа како техничка операција мора да се гледа и како суштински елемент на пристапните преговори, бидејќи ја дава сликата за се што треба да направиме во годините што следат со цел да ги спроведеме реформите од ЕУ-агендата и да ги отвориме, да напредуваме и да ги затвориме поглавјата и кластерите.  Скринингот по кластери и поглавја официјално почнува во септември и тој ќе се спроведува истовремено и за нашата земја и за Албанија.

Вицепремиерот Маричиќ ги претстави шесте кластери на преговарачки поглавја/теми и појасни за секоја од нив какви се нашите обврски и начинот за нивно усвојување.

Фото: Мартина Ацковска/ Фронтлајн

Според Маричиќ, скринингот по кластери и поглавја официјално почнува на 15 септември и тој ќе се спроведува истовремено и за нашата земја и за Албанија. Очекува скринингот да заврши за најмногу 16 месеци. Тоа, како што рече, се должи на фактот што земјава веќе во 2018 и 2019 година помина една фаза на објаснувачки и подготвителни состаноци за сите 33 поглавја пред да се објави новата методологија за проширување на Унијата, што е наша предност. Во овој период, прецизира, Европската комисија и презентираше преку 8.000 ЕУ акти. Во тоа беа вклучени околу 2.000 наши државни служебници во сите 33 поглавја.

– Врз основа на ова искуство овој пат ќе ни биде полесно да се подготвиме за ажурирањето на законодавството на ЕУ, односно не почнуваме од „0“. На првата скрининг сесија во Брисел во вторникот ни беше најавено дека по одржувањето на меѓувладината конференција ни следи процес кој ќе се состои од две фази – ажурирање на објаснувачкиот скрининг на кој Европската комисија ќе го претстави новиот корпус на законодавството на ЕУ од 2019 година до денес и ќе даде подетално објаснување за областите кои по првпат се вклучени во преговорите. Тоа треба да трае околу шест недели по што следува втората фаза – билатералниот скрининг на кој ќе треба да го презентираме степенот на усогласеност со правото на ЕУ, институционалната поставеност за спроведување на усогласените закони и плановите за натамошно усогласување, како и планот за градење на капацитетите на институциите и на администрацијата и да ги декларираме потребните човечки, финансиски и информатички ресурси за спроведување на европските стандарди, истакна Маричиќ.

Тој додаде дека ќе треба да се идентификуваат и евентуалните области и прашања за кои би барале транзициски периоди, односно правилата на ЕУ да стапат насила подоцна од нашето членство, прецизирајќи дека календарот на состаноци го дефинира Европската комисија.

Во одговор на новинарско прашање за тоа кога ќе се иницираат уставните измени, со оглед на тоа дека скрингот ќе трае до крајот на следната година, Маричиќ изјави.

„Уставните измени за Преспанскиот договор траеја повеќе од четири месеци. Ние се уште немаме утврден календар за уставни измени, но тоа е обврска која треба да ја завршиме најдоцна до крајот на скринингот. Внимателно ќе ги разгледаме околностите, атмосферата, дијалогот во Собранието. Целта е да завршат успешно…. Секако ќе биде по летните одмори. Тогаш ќе можеме да говориме за точен календар. Важно ни е да одиме ниту пребрзо но ниту преспоро. Најважно е исходот да биде позитивен“.

Одговарачќи на новинарски прашања, Маричиќ објасни дека овие уставни измени, во содржинска смисла, се најлесните досега. Причината е што само треба да се додадат неколку заедници (освен Бугарите и Црногорците и Хрватите) на веќе седумте кои се споменати во Уставот. Нашиот концепт на Уставот е таков што дозолува вакви промени,дополни Маричиќ, тоа е така веќе 20 години.

М.Д.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    95 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ