• Latest

Маричиќ: Ќе го направиме неопходниот баланс во законот за потекло на имот

November 5, 2021
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Маричиќ: Ќе го направиме неопходниот баланс во законот за потекло на имот

November 5, 2021 11:58
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Кај нас во последните години темата на конфискување на нелегално стекнат имот е високо на агендата, имаме случаи на висока корупција во кои има пресуди поврзани со конфискација која тешко се спроведува во пракса, но исто имаме подготовка на закон за потекло на имот кој ќе овозможи олеснување на овие процедури и зголемување на инструментот конфискација онаму каде што е потребно, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано и програмскиот директор за Западниот Балкан во AIRE Центарот Билјана Брајтвејт.

Важно е, вели Маричиќ, да го имаме предвид балансот меѓу јавниот интерес да се конфискува имот стекнат со кривично дело и од друга страна заштита на правото на сопственост како едно многу важно право заштитено и со Уставот и со конвенцијата.

– Тој баланс не е лесен, затоа и понатаму ќе го направиме неопходниот баланс во законот за потекло на имот и во целата наша законска рамка бидејќи не сакаме да донесеме законска рамка спротивна на конвенцијата, рече Маричиќ.

Министерот вели дека има механизми и сега во Кривичниот законик и во други закони, а има и пресуди со кои се конфискува имот, но, како што вели, постојат практични проблеми коишто при имплементацијата на конфискацијата ја попречуваат.

– Имаме ситуации во коишто имот кој е предмет на конфискација веќе од претходно бил предмет на хипотеки и тоа не се едноставни прашања за правниот систем да ги реши бидејќи имаат сериозни последици во една или друга насока. Дел од тие работи се решени, државата има регистрирано конфискации и заплена на нелегално стекнат имот, но има проблеми кои мора да се решат или со законски измени или со толкување на Судот со кое ќе даде насоки како да се третираат овие прашања, бидејќи има случаи во кои не е едноставно, рече Маричиќ.

Законот за потекло на имот, додаде, е исто еден инструмент како да се подобри досието за конфискација и има за цел да го забрза тој процес и да овозможи секој имот за којшто нема да може да се докаже потеклото, а е над одреден праг, да може во олеснета постапка да биде одземен од државата и којшто не е оданочен.

– Ова се инструменти за кои се подготвуваат законски измени и верувам во наредниот период ќе можеме да ги донесеме бидејќи се многу битни за системот за борба против корупција да функционира. Доколку немаме можност да го конфискуваме како држава имотот стекнат на нелегален начин тогаш системот за борба против корупција е под прашање, бидејќи ќе се исплати корупцијата без разлика на пресудите, рече Маричиќ.

Во септември, како што посочи, кога го посетил Стразбур го потпишал протоколот 16 на Европската конвенција за човековите права. Тој протокол, според Маричиќ, би требало да го зголеми нивото на комуникација и дијалог меѓу нашиот правосуден систем и ЕСЧП, но исто така да овозможи побрза правда, побрз пристап до правда, и да овозможи намалување на бројот на апликациите пред овој суд коишто би доаѓале од граѓаните на нашата земја.

– Протоколот 16 ќе овозможи директна комуникација меѓу повисоките или највисоките правосудни органи, ние при ратификацијата ќе треба да определиме на кое ниво треба да биде тоа, бидејќи освен Врховниот суд тоа неминовно би требало да бидат и апелационтие судови бидејќи многу од постапктие завршуваат на тоа ниво. Секако постои можност и Уставниот суд да биде тоа. Тоа значи дека највисоките и повискоите судови ќе можат да постават барање за советодавно мислење до ЕСЧП за одредено прашање кое се однесува на примена или спроведување на Европската конвенција за човекови права. Ќе се скрати многу време за добивање одговор во однос на пвоеќегодишните постапки и би требало да се намали бројот на апликација пред ЕСЧП бидејќи ќе го забрза процесот на добивање мислење за одредени прашања, појасни Маричиќ.

Тоа мислење, додаде, не може да биде секогаш користено како инструмент, некогаш ќе мора да се оди и на апликација кога има јасно утврдена повреда или пак кога нема судот да постави прашање пред ЕСЧП и ќе ја заврши постапката без да го постави прашањето.

Претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано смета дека евентуалното стапување на сила на протоколот 16 во земјава ќе создаде се појак дијалог меѓу Судот во Стразбур и судовите на национално ниво.

– Многу е важно да се продолжи дијалогот, да се зајакне свеста и да се промовира разбирањето за компеленмтарните и споделени обврски на националните судови и Судот за човекови права, рече Спано додавајќи дека националните судови се оние кои ќе ги штитат и гарантираат човековите права на граѓаните на национално ниво.

Земјите члени на Советот на Европа, како што кажа, треба да се држат до принципите на демократија, праведност, правда и едаквост и да направат се да ги обесхрабрат коруптивните пракси во своите земји.

– Оваа конференција претставува значаен придонес кон создавањето свест за потребата од системски, јаки стратегии во секоја од тие земји членки потписнички на конвенцијата, рече Спано.

Програмскиот директор за Западниот Балкан во AIRE Центарот Билјана Брајтвејт истакна дека темата на денешната конференција е клучна за долгорочнатаборба против корупцијата и организираниот криминал и ваквиот поврат на средства, според неа, овозможува да се обесхрабрат криминалците.

– Повратот на имот ја враќа довербата во институциите., ова е еден од најважните аспекти на владеењето на правото. Од овие причини уште во 2018 година со Секретаријатот на Регионалната иницијатива против корупцијата одлучивме да ги зајакнеме капацитетите на надлежните институции. Во нареднтие три години во втората фаза на овојк проект ќе продожиме да го олеснуваме дијалогот меѓу регионалните професионалци од оваа сфера на кои ќе им пружиме поддршка за потпишување заеднички договори за да можеме да развиеме еден стандарзизиран модул за статистичка анлаиза и оптшествен преглед во однос на вратениот имот. Во следните месеци ќе поставиме регионална платформа за поврат на средства, односно имот за сите ќе биде достапна онлајн ќе имаме едукативни материјали, пресуди, прегледи и студии на случај со цел да ја зголемиме транспарентноста, информира Брајтвејт.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ