„Северна Македонија и Србија имаат традиционално добри врски, благодарение на исклучително блиските односи што ги негуваат граѓаните на овие земји. Таа блискост е богатство што ние, политичарите, треба да го следиме и одржуваме. Двете земји имаат одлична економска соработка, а блиските односи се докажани уште еднаш, за време на пандемијата. Србија беше првата земја од која пристигнаа вакцините, а ние тоа особено го почитуваме. За нас, тоа е чин на солидарност“, вели министерот за правда Бојан Маричиќ, во интервју за српскиот весник „Политика”, пренесува Слободен печат.
За тоа како ја оценува работата на судовите во изминатиот период, Маричиќ во интервјуто, вели дека првпат по години, гледа дека судовите конечно се ослободени од политички притисок и, како резултат на тоа, судат праведно.
„Граѓаните секако го гледаат тоа, и тоа е една од главните причини зошто довербата во владеењето на правото и судството постепено се враќа“, посочува Маричиќ.
„Откако станав министер за правда, мој приоритет е независно судство и работа без притисок. Ова, се разбира, не значи дека не постојат притисоци, ниту од политичка ниту од деловна страна. Нашата Влада ги тргна рацете од судството. Во нашата земја, Судскиот совет сега спроведува модел на филтрирање на судиите и судовите, така што ќе бидат идентификувани сите оние кои се решени да не работеле за правда, односно дека биле под нечие влијание. Веќе имаме 12 разрешени судии, за кои се утврди дека постапувале непрофесионално, влијаеле на застареноста или заштитиле некого. На овој начин ќе се врати довербата на граѓаните во судството, која исто така ќе биде заштитена од какви било влијанија“, вели Маричиќ во интервју за српска „Политика”.