• Latest

Маричиќ: Очекувам до крајот на годината да биде усвоен концептот за прочистување на судиите и обвинителите

December 5, 2020

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Очекувам до крајот на годината да биде усвоен концептот за прочистување на судиите и обвинителите

December 5, 2020 09:49
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Бојан Маричиќ изјави дека очекува до крајот на годината Советот за реформи во правосудството да ги усвои концептите за прочистување односно за проверка на работата на судиите и на обвинителите.

-Ветувањето беше дека за првите сто дена ќе го прецизираме концептот за прочистувањето односно филтрирањето во судството. Ветингот го отфрливме уште во 2017 година како концепт, а во моментов се финишира со концептот за прочистување што би требало во наредните денови да биде обзнанет. Она што е врзано и што трае малку подолго е што имаме и други фактори што исто така треба да го кажат своето мислење и да го доофрмат своето мислење Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, треба да се усвојат методологии што треба дополнително да влезат во тој концепт методологијата за сложеност на предметите и методологијата за оценување на судиите. Тоа е во тек и многу скоро ќе биде готово. Очекувам пред крајот на годината Советот за реформи во правосудството да ги усвои овие документи односно концептот за прочистување односно за проверка на работата на судиите и концептот за работата на обвинителите, изјави Маричиќ во интервју за ТВ Сител.

Министерот за правда додаде дека во завршна фаза е изработка на правилник за оценување на работата на обвинителите и оти овие денови треба да биде усвоен.

-Имам информација дека се работи на него и е при крај. И врз основа на тој правилник и на тоа оценување ќе се спроведе врз база на Правилникот ќе имаме сите идни назначување, именување и унапредување на обвинителите ќе се врши согласно тоа. Истото важи и за судиите. Значи од донесувањето 2019 на новиот пакет на закони поврзани со оценување на судиите, веќе имавме ефекти има осум разрешувања, 83 постапки, детално се работи, моите информации од судскиот совет тоа го кажуваат но, мислам дека треба да го ставиме тоа во една рамка, и во временска рамка и во јасни критериуми за јавноста и тоа да добие еден транспарентен призвук за да може јавноста да биде уверена дека навистина постои функционален систем за оценување на судиите, рече Маричиќ.

Оценувањето на судиите ќе го опфати, меѓу другото, бројот и сложеноста на предметите, евентуалното застарување и причината за тоа, квалитетот на одлуките одосно поднесоците, дали и колку пати тие одлуки биле ревидирани од повисоки судови…

Маричиќ изјави дека сега нема разговори со опозицијата за процесот на проветрување на судството и оти разговори може да има во Собранието, но потенцираше дека нивна цел не е процесот да се политизира, туку да има објективни мерливи критериуми и да биде изведен од одговорните во судството.

-Преговарањето за некои закони не значи и автоматски и пазар. Законот за јавно обвинителство беше донесен во една траспарентна процедура. Сите пратеници што гласаа за тој закон, имаа јасни ставови и одредени барања како да изгледа тој закон. За жал, за одредени прашања сме ја вклучиле опозоцијата, за овие прашања, конкретно за прочистувањето не сме разговарале во оваа фаза, разговараме сега да речам со чинителите во судската власт. Ќе има можност да се разговара за тоа и во Собранието и со опозицијата, но наша цел не е овој процес да се политизира и да биде политички процес. Наша цел е овој процес да има објективни мерливи критериуми и да биде изведен од одговорните структури во судството, рече министерот за правда.

Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека Владата се уште не му одговорила на Судот во Стразбур за аболициите на претходниот претседател Ѓорге Иванов и оти рокот е до 18 декември.

-Очекувам во наредните две недели, на една од наредните седници и ова прашање да се разговара и да се донесе заклучок. Ние работиме на анализа на сите факти и аргументи кои дојдоа до нас, вклучувајќи го и она што го одлучи пред скоро време и Уставниот суд во однос на членот 11 а, што е непосредно врзано за случаите што се наоѓаат пред Стразбур,  наведе Маричиќ.

Пред 18-ти декември, додаде тој, јавно ќе објавиме која е одлуката и како понатаму.

Маричиќ во интервјуто за ТВ Сител најави дека следната година ќе се решат сите прашања поврзани со платите, додатоците и надоместоците, со јасно дефинирање на коефициентите во судството и оти тоа ќе биде направено во законска рамка.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ