• Latest

Маричиќ: Подготвени сме да разговараме за закон за преговори за членство во ЕУ

January 23, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Подготвени сме да разговараме за закон за преговори за членство во ЕУ

January 23, 2023 13:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања истакна дека тој и Владата се подготвени да се разговара и да се донесе закон за преговори за членство во ЕУ.

– И сега треба да ја искористиме таа можност и за уставните амандамни и за дискусијата околу уставните амандмани да не ја пропуштиме можноста сите да учествуваат во нив затоа што има механизми. Ние сме подготвени дури и да разговараме и за закон за преговори за членство во ЕУ во којшто ќе ги решиме сите прашања, па дури и зајакнатата улога на Собранието доколку се покаже како тешко или неизводливо да се промени собранискиот Деловник, што знаеме дека е предизвик повеќе години свесни сме сите. Така што подготвеност и политичка волја има, дајте да го направиме во интерес на граѓаните да одиме побрзо, рече вицепремиерот одговарајќи на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пред нас, кажа Маричиќ, имаме задача да донесеме стратешка одлука со која ќе го одредиме правецот на државата во следните десет години и ќе ја направиме стабилна европската перспектива на Северна Македонија.

-Од сите вас почитувани пратеници и претставници на граѓанското општество зависи дали 2023 година ќе биде година за паметење во нашата јасна и сигурна европска перспектива или година во која што ќе доживееме уште една блокада, нова блокада овој пат предизвикана од нас дома, истакна Маричиќ кој реферираше за скринингот пред собраниската Комисија за европски прашања. 

-Јас сум сигурен дека нашата држава и нашето општество ќе најдат доволно сила за да ја донесеме вистинската одлука и 2023 да биде година која што ќе биде клучна одредница која што ќе го забрза нашиот пат за да стигнеме до нашата цел а тоа е 2030 година да ја дочекаме како држава членка на Европската унија, рече Маричиќ. 

Според него, 2023. треба и мора да ја сметаме да биде година на успешно завршен скрининг процес, година на важни реформи и придвижувања напред, но исто така и година на обединување и политички консензус за напредок во преговорите и отворање на поглавјата со комплетирање со неопходните уставни измени утврдени во преговарачката рамка. 

Вицепремиерот кажа дека минатата година успеавме да ја започнеме најважната фаза – почетокот на преговорите која што треба да заврши со полноправно членство со нашија визија и план тоа да се случи до 2030 година. Скринингот е веќе во напредна фаза, започна во средината на септември минатата година и се одвива онака како што е предвидено заедно со Европската комисија.

-Успешно го заокруживме скринингот за Кластер 1 – фундаментални вредности, билатералниот скрининг,  објаснувачки, комплетиравме веќе целосно за три кластери, а во моментов од денес натаму во Брисел нашиот преговарачки тим го презентира постигнатото, имплементираното во Поглавјето 3 – право на основање и слобода на давање услуги. Практично со денешниот скрининг за ова поглавје се започнува скринингот за Кластерот 2 – внатрешен пазар. До крајот на оваа недела ќе завршиме со Поглавјата 6 и 7 – право на трговски друштва и право на интелектуална сопственост, информира Маричиќ.   

Изрази задоволство што успешно се подготвивме за презентирање и за области кои по првпат се дел од преговарачкиот процес, како на пример, функционални демократски институции, реформа на јавната администрација и економските критериуми.  

-Скринингот е неодминлив дел од преговорите и тој треба да го гледаме не само како формалност, туку и како можност. Тоа го повторуваме повеќе пати, да ги извлечеме сите наши слабости и поуки на површина како држава и како општество притоа од тој скрининг и од тоа презентирање и комуникација со Европската комисија да си дадеме заеднички насока како правилно да ја исцртаме реформската траекторија која треба да ја изодиме до членството во ЕУ, рече Маричиќ.   

Според вицепремиерот, потребен е јасен план и искрена политичка волја од сите политички фактори, бидејќи овој процес го надминува мандатот на која било влада. Маричиќ посочи дека  поттик за забрзување на процесот треба да ни бидат позитивните реакции на ЕК и нивните коментари за нашата мотивација, подготовка и настап во Брисел.  

-Официјалната оценка и клучните укажувања ги очекуваме во скрининг извештаите и истите ќе бидат добра основа за подготовка на следните реформски активности и навремена подготовка на работните преговарачки групи коишто ќе се водат од клучните патокази коишто ќе ги спомнам за кратко време, рече тој. 

Маричиќ рече дека ќе побара во следните три до четири месеци да бидат доставени скрининг извештаите за Кластерот 1, што ќе биде добар водич за подготовка на другите документи и за комплетирање на сите задачи при отворање на преговорите за Кластерот 1.  

Според него, потребно е да се фокусираме и на подготовката на реформски план за оваа година кој ќе ни обезбеди поголема реализација на клучните реформски приоритети во текот на годината се до наредниот извештај на ЕК.  Во меѓувреме треба да почнеме и со изработка на клучните документи што ќе бидат главна одредница особено во првиот кластер, на показите за владеење на правото, за реформа на јавната администрација и за функционирање на демократските институции.  

-Паралелно на ова ќе треба да работиме и на акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците со мерки за недискриминација, борба против говорот на омраза и правото на образование. Ова се теми во рамки на патоказот за владеење на правото низ кои поминаа и поминуваат сите држави коишто преговараат во една или друга форма, рече Маричиќ.  

Владата, како што потенцира вицепремиерот, е надлежна и одговорна за преговорите со ЕУ, но тоа никако не значи дека процесот ќе го води само Владата.

-На самиот почеток покажуваме отвореност и повикуваме на отвореност на сите политички фактори, но и сите општествени актери. Од самиот почеток покажавме и политичка волја за соработка со сите општествени фактори. Оваа тешка и сложена задача бара вклученост на целото општество и затоа постојано ги повикуваме и денес ја користам оваа прилика да ги повикаме сите институции, граѓанското општество, бизнис заедницата, академската заедница, медиумите сите да дадат свој придонес за брзо и ефикасно да го заокружиме овој најголем и најсериозен проект на нашата современа држава, а тоа е членството на Северна Македонија во ЕУ, рече Маричиќ. 

Вицепремиерот посочи на улогата на граѓанските организации во процесот на преговори, потенцирајќи дека во тек е изработка на можните модалитети кои ги користат за консултација на граѓанските организации, но и за нивно учество во процесот на преговори.

-Предлог моделите набргу ќе ги презентираме во текот на месецот февруари и ќе се консултираме со граѓанските организации околу начинот на кој ќе одлучат да го дадат својот придонес и околу тоа кој модел е најприфатлив, рече Маричиќ. 

Јавниот повик на СЕП на кој заклучно со 10 јануари оваа година во базата на СЕП се регистрирани околу 180 граѓански организации кои сакаат да учествуваат и да помогнат во текот на процесот на преговори. Тоа, според вицепремиерот, претставува јасен сигнал дека ќе имаме квалитетен и интензивен процес на преговори кој ќе го водиме низ дијалогот и блиската соработка со будното око на граѓанското општество.  

-Секако е дека е неопходна и поголема синергија за да се забрзаат  процесите до степен до кој тоа го очекуваат граѓаните. Затоа ќе биде неопходно и да ја дефинираме и соработката на Владата во овој процес и со Комисијата за европски прашања и со Националниот совет за европски интеграции и заедно со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанските организации кој искрено се надевам дека ќе заживее многу скоро ќе дадат значаен придонес во спроведувањето на реформите и во напредокот кон членството во ЕУ, посочи Маричиќ. 

Tags: Бојан МаричиќЕУскринингСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ