Министерот за правда, Бојан Маричиќ, со видео порака на неговата официјална страница на Фејсбук се обрати до јавноста на первиот ден на спроведувањето на пописот во земјава. „Денес почнува главната фаза во најважната статистичка операција спроведена од осамостојувањето до сега“, порачува Маричиќ во видео-пораката.
Маричиќ е уверен дека институциите се целосно подготвени и на терен веќе почна попишувањето на лицата, становите и домаќинствата. „Конечно, како целиот развиен свет ќе имаме информации, кои се навистина есенцијални при креирањето на планови и проекти кои се потребни пред се за вас“, истакна тој.
Според министерот за правда, тоа што е најважно е дека пописот ќе биде спроведен безбедно, почитувајќи ги највисоките стандарди за спречување на ширењето на Ковид-19. Докторите ги напишале правилата за заштита и тие се обврзувачки за сите попишувачи и тука дилеми не треба да има, дециден е Маричиќ.
„Понекогаш сите ние се запрашуваме што добро можеме да направиме за нас и за нашата државата? Како можеме директно да помогнеме во развојот на нашата земја?… Во овој момент одговорот на овие прашање е – попис“, потенцира Маричиќ во видео-обраќањето.