„Немате начин како да докажете дека некој судија бил избран партиски пред пет, или пред 10 години. Но, преку оценката на нивната работа може да се види дали одреден обвинител, одреден судија работел совесно и професионално, дали нивните предмети или пресуди биле водени и одредувани објективно и независно. Процесот на прочистување најмногу им одговара на судиите, преку тоа тие ќе го подобрат имиџот кај јавноста, ќе се зголеми довербата во нив и ќе се направи дистинкција на оние кои се добри од оние кои не се добри.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, на радио Канал 77.„Oваа Влада е единствената до сега која покажала решителност и подготвеност за вистински реформи и создавање независен судски систем. „Ова што сега ние го правиме е сериозен обид да изградиме еден функционален систем, да има јавен притисок кон судството за да се извадат лошите работи на површина и да се надминат за да не се повторат“- дополни Маричиќ.