• Latest

Маричиќ: Проектите за енергетска безбедност се нужност за просперитетен и еколошки чист регион

May 11, 2022
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Проектите за енергетска безбедност се нужност за просперитетен и еколошки чист регион

May 11, 2022 13:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес одржа состанок на Секторската работна група за енергетика нагласувајќи ја посветеноста на Владата да ја поддржи имплементацијата на Стратегијата за развој на енергетиката во Северна Македонија до 2040 година во согласност со препораките на ЕУ изразени преку процесот на стабилизација и асоцијација и годишниот извештај за напредокот на Европската комисија за Поглавје 15- енергетика.

„Мора да останеме фокусирани на ова прашање и на потребата од енергетска транзиција, што од друга страна пак е важен дел од Зелениот договор, бидејќи немаме друг избор ако сакаме енергетска безбедност, во просперитетен и еколошки чист регион“, рече на состанокот Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ истакна дека новиот Закон за енергетика е целосно усогласен со Директивата за обновливи извори на енергија, а Северна Македонија е на пат да ги исполни задолжителните цели за енергетска ефикасност, додавајќи дека Северна Македонија е одлучна, во согласност со Зелената агенда за Западен Балкан, да продолжи со транзиција на чиста енергија и одржлив развој.

Вицепремиерот и Национален ИПА координатор на состанокот го претстави и новиот хоризонтален пристап за сите Секторски работни групи, како најважен механизам за транспарентна и инклузивна координација на секторската политика и планирање на донаторската помош, вклучително и ИПА.

„Новиот пристап повлекува политички дијалог за секторските стратешки приоритети и обезбедување донаторска помош за имплементација на националните приоритети“, посочи Маричиќ, појаснувајќи дека координацијата на донаторите и рационализирањето на донаторската поддршка е особено важно, имајќи предвид дека процесот на интеграција во ЕУ е скап потфат, а планирани се бројни реформи поврзани со интеграцијата во ЕУ во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА 2021-2025).

Маричиќ најави дека е планирано во следната фаза да се обезбедат средства за имплементација на стратешките и секторските приоритети, чие финансирање треба да се обезбеди без оглед на изворот – било да е тоа национален буџет и помош од донатори, со цел непречено да се спроведуваат планираните европски реформи во земјата.​

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ