• Latest

Маричиќ: Регионалната соработка носи стабилност во време на кризи, иднината ни е заедничка и европска​ 

March 17, 2022
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Регионалната соработка носи стабилност во време на кризи, иднината ни е заедничка и европска​ 

March 17, 2022 13:12
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Регионалната соработка е реалност и сега, како никогаш досега, мора регионот да се обедини за полесно надминување на предизвиците со кои се соочуваме и ние, а и Европската Унија, истакна денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на експертска тркалезна маса „Регионална соработка за европска интеграција“, организирана во рамките на иницијативата „Балкански дијалози“, пренесува МИА.

– Добрата соработка и постојаната комуникација на различни основи се вредности на регионалните иницијативи, но секако не се замена за европската интеграција, туку потпорен столб и катализатор на регионалната соработка што треба да доведе до подинамичен процес на европска интеграција. Во време на глобални промени сме подготвени да се приспособуваме, но не сме подготвени и не сакаме да ги менуваме нашите стратешки цели, затоа отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е наш најголем приоритет, рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека нема алтернатива за полноправно членство во Европската Унија и дека треба да ги започнеме преговорите што е можно поскоро, бидејќи, како што потенцира, ние го реализиравме нашиот дел и повеќе од што се очекуваше, сега е време ЕУ да го направи својот чекор напред.

– Потребни ни се храбри одлуки за да се врати во фокус најуспешната политика досега, а тоа е политиката за проширување, земајќи го предвид потрошеното време чекајќи да се активира процесот на интеграција на Западен Балкан во Унијата, заклучи Маричиќ.

Во рамки на панелот „Сонот и реалноста на еден европски регион“, Маричиќ кажа дека и Северна Македонија и Албанија избраа страна, и таа е јасна, дека „стојат заедно со своите евроатлантски партнери, како членки на НАТО и аспиранти за полноправно членство во ЕУ – усогласувајќи се целосно со безбедносните и надворешните политики на ЕУ“.

– Никој не помислуваше дека денес, овде ќе треба да дебатираме за „перспективите за интеграција во ЕУ на Западен Балкан во време на кризи“, бидејќи перспективата обично е неизбежна со мир и просперитет. Денес, за жал, сме сведоци на конфликти на тлото на Европа, со последици и за Европската Унија, но и за нас, земјите од регионот. Затоа е важно да се заврши обединувањето на континентот, да се направи посилен и поотпорен на какви било сегашни или идни закани, рече Маричиќ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ