• Latest

Маричиќ: Резултатот од пописот ќе биде основна алатка за креирање на идните развојни политики

January 21, 2021

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Маричиќ: Резултатот од пописот ќе биде основна алатка за креирање на идните развојни политики

January 21, 2021 16:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда, Бојан Маричиќ денеска на својот фејсбук профил го поздрави донесувањето на Законот за попис во Собранието.

Резултатот од пописот, според министерот, ќе биде основна алатка за креирање развојни политики, а од него директна корист ќе има и бизнис заедницата.

„Сакам да ја поздравам одлуката на Собранието, кое предмалку го изгласа Законот за попис. Им порачувам на граѓаните да бидат спокојни и да им веруваат на институциите. Државниот завод за статистика и институциите се повеќе од подготвени за спроведување на пописот, а пробниот по оваа нова методологија веќе беше поздравен од Европската комисија. После речиси две децении државата конечно ќе спроведе ваква сложена статистичка операција, а резултатот од истиот ќе биде основна алатка за креирање на идните развојни политики. Директна корист од пописот ќе има и бизнис заедницата“, напиша Маричиќ на Фејсбук.

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на Фејсбук напиша дека со усвојувањето на Законот за попис на населението се создадени и нормативните услови да се реализира оваа важна статистичка операција после 19 години.

– Институциите се подготвени, ќе имаме попис по меѓународни стандарди. Концептот е професионален и одговорен, без политички влијанија, да имаме точни, веродостојни статистички податоци и да го спроведуваат стручни лица. Според критериумите на Евростат и меѓународните стандарди, наведува Николовски.

Според него, партизирањето на пописот е штетно и целосно непотребно, бидејќи тоа е статистичка операција, која е неопходна за да се планира развојот на државата.

Собранието денeска во рамки на продолжението на 29. седница со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија во 2021. За пописот гласаа „за“ и 29 пратеници припадници од помалите етнички заедници.

За Законот гласаа пратениците од владејачкото мнозинство СДСМ, ДУИ и Беса, и опозициската Алијанса на Албанците и Алтернатива. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето.

Расправата за Предлог законот во Собранието, со којшто ќе се овозможи во државава да се спроведе попис по 19 години, заврши на 15 јануари.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ