• Latest

Маричиќ: Северна Македонија ќе биде правна држава каде што ќе одговараат сите кои ги прекршиле законите

December 25, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Северна Македонија ќе биде правна држава каде што ќе одговараат сите кои ги прекршиле законите

December 25, 2020 11:41
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ќе биде правна држава каде што ќе одговараат сите кои ги прекршиле законите, сега или во иднина, изјави на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ.

Намалени судски такси, нова методологија, закон за попис и предлог за зголемување на казните за загадувачите, се дел од работите кои ги наведе министерот Маричиќ, правејќи пресек од првите 100 дена од работата како министер за правда.

„Плановите за иднината ни се амбициозни, намерите ни се јасни и чесни, а посветеноста е максимална“, изјави Маричиќ, вејеќи дека правдата мора да биде достапна за сите граѓани.

„Изминатите години бевме сведоци дека граѓаните се жалат на несразмерно високите судски такси. Во првите 100 дена ги намаливме за осум пати. Претходно, плаќаа и до 48 илјади за судски трошоци, а сега тие не може да бидат над 6.000 денари за судски такси“, изјави Маричиќ.

Откако ќе решат да тргнат по судските лавиринти, посочи Маричиќ, дел од граѓаните се соочуваат со други проблеми, како што се долги рочишта, неефикасни постапки и нееднаков третман.

„Токму затоа во првите 100 дена заедно со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители интензивно работевме на методологија по која следната година ќе се филтрира судството и обвинителството. Ова според нас е најдобриот начин како фелата сама да си ги прочисти своите реодви“, изјави Маричиќ.

Нагласи дека сите судии или обвинители кои незаконски постапувале или направиле прекршување во постапките, намерно го одложувале или нестручно постапувале треба да бидат исфилтрирани од правосудниот систем.

„Посебен фокус ќе биде ставен на случаите на висока корупција и организиран криминал. Како што знаете Судскиот совет веќе донесе одлука за разрешување на двајца судии од Основен суд Охрид поради несовесно работење. Со оваа одлука започнува и процесот на филтрација на судството по новите правила. Ова е едиствен чекор за враќање на изгубената доверба во правосудството“, изјави Маричиќ.

Советот за реформи во судството очекува да ја потврди методолгијата и набрзо потоа бидат објаснети и деталите.Информира дека пред неколку дена е постигната согласност со судската полиција за можноста за исплата на додатоци на плата на оваа фела.

„Службениците во сите судови ќе може да добијат додатоци на плата врз основа на обемот на работа. Задоволен сум што овој проблем конечно се реши и судската полиција го доби она што го бараше со правилник за проценка на ризици на работа“, изјави Маричиќ.

Во однос на пописот рече дека Законот веќе е во собраниска процедура и целта е да се изгради систем што еднаш засекогаш ќе ја тргне политиката од овој и од сите идни пописи.

„Наша цел е статистичарите, а не политичарите, да го имаат главниот збор при пребројување на населението. Верувам дека ќе организираме добар попис по сите европски стандарди, а резултатот ќе биде основна алатка за да знаеме какави долгорочни развојни политики можеме да креираме“, истакна Маричиќ, додавајќи дека пописот би се спровел во април ако Собранието го доенсе законот.

Во однос на животната средина, информираше дека Министерството за правда преку измена на Законот за прекршоци предвиде повисоки казни за сите кои ја загадуваат животната среидна.

„Откако Собранието ќе ги изгласа овие измени, казните за загадувачите на животната средина ќе бидат зголемени дури и за 20 пати. Со ова очекуваме значително да се подобри нивото на заштита на воздухиот, водата и почвата“, рече Маричиќ.

Во привите три месеци како што посочи, завршен е новиот Воспитно поправен дом во Тетово, по највисоки европски стандарди и таму, веќе се преместени малолетници кои биле во судир со законот.Со помош на Советот на Европа и Делегацијата на ЕУ изработена е и страницата за бесплатна правна помош.

„Оваа алатка е особено важна за најранливата група граѓани кои не се во можност сами да ги покријат трошоците на судењата. Ова е во насока на нашата генерална заожба Северна Македонија да биде држава во која правдата ќе биде достапна за сите“, рече Маричиќ.

Во Министерство за правда, како што најави, веќе се работат измени на 12 закони, меѓу кои на Кривичниот законик, Изборниот законик и Законот за парнична постапка.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ