• Latest

Маричиќ: Северна Македонија по кластери стои подобро или еднакво со државите кои веќе преговараат 10 години, рано е да се зборува за седницата за уставни измени

August 17, 2022

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Северна Македонија по кластери стои подобро или еднакво со државите кои веќе преговараат 10 години, рано е да се зборува за седницата за уставни измени

Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, владите на Северна Македонија и Бугарија имаат обврска во рок од две години откако ќе бидат постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат, и тоа обострано врз принципот на реципроцитет

August 17, 2022 13:32
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес конференција, вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, во одговор на новинарско прашање изјави дека евроинтеграцијата не зависи само од нас и не е добро да се лицитира со датуми, затоа што не можеме да предвидиме точно кога ќе се случи. Нам ни е цел првото наредно проширување, кога и да се случи, Северна Македонија да биде дел од тоа проширување и тоа е достижно ако работиме интензивно на имплементација на стандардите на ЕУ и доколку ги водиме преговорите како што треба со ангажман на институциите и целото општество.

-Ако ги гледате извештаите на ЕК, Северна Македонија анализирано по кластери стои подобро или еднакво добро во најголем дел од кластерите со државите кои веќе преговараат 10 години. Тоа значи дека ние не сме го изгубиле времето во чекална и дека сме работеле интензивно на усогласување и на прописите и на праксата, на нивно имплементирање. Секако дека имаме многу работа, далеку од тоа дека работата е завршена но треба да си поставиме амбициозни цели за да можеме да исполниме во некој реален рок. Гледано, најоптимистички оваа рамка за претпристапна помош завршува 2027 година и ние треба да работиме и да се бориме наредната претпристапна рамка да важи за што помалку држави, односно да бидеме држава членка, одговори Маричиќ на прашањето за оптимизмот на премиерот Ковачевски за очекуваната побрза интеграција по примерот со НАТО.

Маричиќ потсети на предходно презентираниот календар, подготвен заеднички со Брисел, според кој скринингот ќе започне на 15 септември, а ќе трае до крајот на 2023 година, и дополни дека е во тек  интензивна комуникација со Брисел и се прават забрзани подготовки и во тренинг центарот на СЕП.

-Планираме заедно со претставниците во Брисел по летните одмори веднаш да започнеме со обука на нашата администарција и на оние кои ќе учествуваат во првиот кластер – темелни вредности, да започнеме и со објаснување на методологијата и со објаснување на процесот на скрининг. Тоа ќе биде тековна работа на Тренинг центарот се до завршување на преговорите, истакна Маричиќ.

Обврска на Скопје и Софија е договореното на Историската комисија да го спроведат во рок од две години на принцип на реципроцитет

Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, владите на Северна Македонија и Бугарија имаат обврска во рок од две години откако ќе бидат постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат, и тоа обострано врз принципот на реципроцитет, образложи Маричиќ во врска со препораките на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, усогласени од македонска и од бугарска страна.

– Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, Владите имаат обврска во рок од две години откако се постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат. Секако тоа оди во фази и низ филтрите на институциите. Она што е задача на Комисијата е да утврди точки и наратив текстови за заедничко чествување и за евентуална корекција во учебниците. Притоа да не заборавиме, тој текст којшто е договорен и Бугарија и Северна Македонија подеднакво имаат обврска да го имплементираат во својот систем и тоа функционира на принцип на реципроцитет, односно важечка е само доколку заедно ги имплементираме во двата системи, нагласи Маричиќ

Во однос на содржината на договореното, рече дека тоа останува на историчарите, но напона дека е вредно да се спомене дека во Комисијата членуваат седум врвни историчари, коишто ние како држава сме ги поставиле, вклучувајќи ги и оние коишто, вели, во меѓувреме заминаа од таа Историска комисија, а кои се согласиле околу текстот за цар Самоил.

– Ние целосно ја поддржуваме работата на Комисијата, и се што можеме како институција ќе помогнеме. Секако ќе бидеме внимателни да го заштитиме нашиот интерес, бидејќи им веруваме на луѓето коишто работат таму,  а сите чекори во врска со имплементација на договореното ќе бидат координирани со нашите филтри на институциите и со комисиите за учебници, со сите оние други инстанци во Министерството за образование и наука и Владата и нема да направиме ниту еден чекор еднострано, значи се она што ние ќе го направиме би очекувале да го направи и Софија, рече вицепремиерот .

Рано е да се зборува за седницата за уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ треба еднаш да даде поддршка за нашите стратешки цели

Процедурата за уставни измени во Собрание ќе почне во некоја понатамошна фаза. Сега е рано да се зборува за тоа, бидејќи скринингот ни дава доволно време да ги изведеме уставните измени, изјави денеска Маричиќ, одговарајќи на прашањето во однос на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се закаже седница во Собранието за уставните измени.

– Сите опции се на располагање. Ние како Влада ќе понудиме платформа за поддршка на европските интеграции и сигурен сум дека ќе има можност таа платформа да ја подржат широк консензус на пратеници во Собранието, образложи Маричиќ за можните опции за обезбедување на двотретинско мнозинство за промена на Уставот и вметнување на Бугарите во Преамбулата.

Според него, тоа нема да биде едноставно, токму заради, како што рече, „овој притисок и премногу пропаганда и лажни вести поврзани со договорот со Бугарија“.

– ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба еднаш да дадат поддршка на нашите стратешки цели. Го пропуштија тоа за НАТО, што е жално за сите нас, но не би требало да го пропуштат за ЕУ. Се надевам дека ќе смогнат сили или како партија или како политички структури да дадат поддршка за овој процес, ние се уште немаме временска рамка, скринингот ни остава доволно простор да делуваме. Ќе работиме на ова интензивно, потенцира вицепремиерот Маричиќ.

М.Д.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ