• Latest

Маричиќ: Со додавање на други заедници во Уставот нема да се наруши унитарноста на Македонија како држава

April 12, 2023

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Со додавање на други заедници во Уставот нема да се наруши унитарноста на Македонија како држава

April 12, 2023 11:43
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска изјави дека работната група за уставни измени по празниците ќе се состане и ќе ги формулира предлозите, по што за нив ќе се отвори јавна дискусија. 

-Jа користиме комплетната временска рамка што ја имаме и поаѓаме од една претпоставка дека сите ќе се постават одговорно и на ниво на задачата и државнички во овој процес. Министерството за правда ги покани и партиите и експертите да номинираат свои претставници. Најголем дел го сторија тоа. Веднаш по празниците ќе има состанување и формулација на предлозите за уставни измени. По таа формулација очекуваме да има и јавна дискусија и потоа да се влезе во Собранието, изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за Студио 10 на ТВ 24.

Маричиќ, како што рече, претпоставува дека впечатокот на јавноста оти процесот се „тера на мускули“ е дека дел од јавноста се надевала оти оваа обврска ќе исчезне или ќе се реализира подоцна.  Ние не сакаме да губиме време, вели вицепремиерот, веќе сме ги почнале преговорите, скринингот тече.

-Досегашното искуство ни вели дека вакви обврски низ годините, низ времето, ако ги оставаме стануваат потешки не стануваат полесни. Притоа мора да имаме предвид дека оваа година е клучна за решавање на одредено прашања во регионот.

-Затоа има притисок и за решавање на проблемот со Косово и состојбата во Црна Гора. Следната година е изборна и во ЕУ и ќе им треба шест месеци за распоредување на новите европски институции, истакна Маричиќ.

Според него, односот на ЕУ кон Украина исто така создава едно чувство на итност дека треба да се решат овие прашања побргу.

-Затоа во работната група треба да се разговара како рационално и најразумно да ги предложиме уставните измени за којшто можеме да добиеме пакет од 80 пратеници, вели Маричиќ.

Прашан дали е тоа сега возможно, вицепремиерот вели дека доколку се држиме фокусирани на она што ни се обврски од преговарачката рамка и она што ни е обврска од францускиот предлог мислам дека можеме. Знам дека ќе се отвораат и други прашања сигурно бидејќи политичките партии тоа го најавија и легитимно е да се отвораат. Секоја партија има право да отвори прашања, кога се отвара крупа работа како Уставот, но сметам дека најдобро би било ако тие прашања ги оставиме да ги решаваме во некоја подоцнежна фаза, а сега се фокусираме како да добиеме 80 пратеници за додавање во Преамбулата на делови од цногорскиот, хрватскиот и бугарскиот народ, рече Маричиќ.

Изразува жалење што ВМРО-ДПМНЕ ја пропушта можноста да учествува во ваков клучен процес, како што го пропуштија влезот во НАТО.

-Овие уставни измени се во преговарачката рамка и мора да се спроведат. ВМРО-ДПМНЕ неколку пати го смени ставот. Прво бараше гаранции, а сега се крие зад хрватскиот уставен модел. Излегува дека не се проблем Бугарите туку статусот на заедниците кај нас. Излегува дека тие сакаат повеќе да ја свртат дебатата кон тоа дали се малцинства или делови од народи, вели Маричиќ.

Според Маричиќ, со додавање на други заедници во Уставот нема да се наруши унитарноста на Македонија како држава.

Во интервјуто Маричиќ рече дека ако не поминат уставните измени во Собранието ќе имаме блокада на преговорите кои се де факто и де јуре започнати. Кога има спорови тие мора да се решат, вели Маричиќ споменувајќи го спорот меѓу Хрватска и Словенија за време на хрватските преговори за влез во ЕУ.

-Ќе има многу други работи кои ќе треба да ги смениме а не се поврзани со идентитетот и слично, а кои ќе бидат болни и тешки, но не од овој аспект. Каква и да биде цената што ќе ја платиме тоа не да биде платено со идентитетот и јазикот, вели Маричиќ кој додава дека со влегувањето во ЕУ ние ќе имаме многу големи финансиски придобивки како држава.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ