Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил акција на садење дрвја во Кумановско напиша дека пошумувањето, директно влијае врз животната средина, социоекономијата и енергетиката во средината каде што живееме. Со повеќе дрвја има поголемо прочистување на воздухот, и поефикасно функционирање на екосистемите.
Тој додаде дека со другарите Оливер Спасовски, Маја Манолева, Александар Бајдевски, Сања Лукаревска биле во акција на садење дрвја во Кумановско каде што под мотото ,,Повеќе зелено” засадиле 3000 садници.
Од денешната заедничка акција на СДММ и СДСМ за позелена држава. ,,Повеќе зелено” во Кумановско, вели Маричиќ во својата објава.