• Latest

Маричиќ: Утврдувањето на одговорноста за кривичните дела што произлегуваат од прислушувањето ќе продолжи

October 31, 2020

24 ЧАСА: Советник во Кочани удри службеничка со шише по глава; Трамп му наложи на Путин прво да посредува – со Русија; израелска болница директно погодена од иранска ракета; ослободени осомничените за настрешницата во Нови Сад

June 19, 2025

Унгарската полиција сепак ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта

June 19, 2025
фото: скриншот Влада

Владата усвои Предлог ребаланс на Буџетот, приходите проектирани на 362,4 милијарди денари, капитални расходи од 47,5 милијарди денари

June 19, 2025
Одавање почит во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани / фото: ЦИВИЛ Медиа

Обвинителите на средба зад затворени врати со родителите на починатите во „Пулс“ во Кочани

June 19, 2025
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Владејачкото мнозинство е комфорно, сите реформски закони не зависат од Бадентеровото мнозинство

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на штипската телевизија М-нет

(ВИДЕО) Инцидент во Општина Кочани: Советник со шише удри по глава службеничка

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Трамп се колеба за напад врз Иран поради сомневањето во успешноста на бомбата „разбивач на бункери“

June 19, 2025
фото Принтскрин Н1/рс

Ослободени од притвор сите осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ET NOW

Израелскиот министер за одбрана вели дека ајатолахот Хамнеи „веќе не треба да постои“ по нападот врз болницата

June 19, 2025

Ниту по 34-ти пат не успеа да се конституира косовското собрание

June 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Маричиќ: Утврдувањето на одговорноста за кривичните дела што произлегуваат од прислушувањето ќе продолжи

October 31, 2020 09:26
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ МЕДИА побара интервју со Бојан Маричиќ, Министер за правда на Република Северна Македонија, во исклучително деликатен период за земјата. Извештајот од Европската комисија е позитивен, но препораките во него упатуваат на макотрпна работа и многу предизвици токму во неговиот ресор. Прочистување во правосудството, борбата против корупцијата, предметите што произлегуваат од „бомбите“ (прислушуваните разговори) и конфискација на имотот стекнат со криминал… И сето тоа само во едно прашање од ова интервју. Остануваат уште прашања со кои македонската држава допрва треба да се фати во костец, како што се изборните реформи, продолжување на реформите во казнено-поправниот систем… Маричиќ говори и за нив.

Од граѓански активист, раководител во релевантни организации на граѓанското општество, извонреден правен експерт, учесник во Шарената револуција до министер за правда во исклучително динамичен период за Северна Македонија, Бојан Маричиќ е повеќе од интересен соговорник за секоја редакција, а особено за сериозна и релевантна и сериозна медиумска платформа како ЦИВИЛ МЕДИА. Сталожен и реалистичен, Маричиќ говори со факти, без вишок зборови и импровизации.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во Извештајот на ЕК за прогресот на Северна Македонија во ЕУ интеграцискиот процес има голем број позитивни оценки, но и забелешки и препораки за идни чекори во ресорот кој го водите. Како Вие го оценувате Извештајот на ЕК за оваа година?

Маричиќ: Извештајот на Европската комисија е генерално позитивен – ни се оддава признание за добриот напредок на реформите и потенцира дека се остварени видливи резултати во правосудството и борбата против корупцијата. Извештајот кажува дека сме на добар пат, но дека нѝ претстои уште работа. Покрај пофалните зборови во Извештајот, во него има и повеќе политички пораки и насоки за дејствување на институциите кои практично значат поефикасна работа на судството и обвинителството.

Како најзначајна, ја издвојувам препораката што се однесува на судството и обвинителството, а тоа е да се зголеми бројот или досието со конечни пресуди за случаи на корупција на високо ниво, вклучувајќи и конфискација на имот стекнат преку криминал.

Подеднакво значајна е и препораката да се регулира статусот на прислушуваните материјали, така што утврдувањето на одговорноста за кривичните дела што произлегуваат од прислушувањето ќе продолжи.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во каква состојба го затекнавте македонското правосудство? Има ли излез од тунелот? Ќе се прочисти ли судството?

Маричиќ: Состојбите во македонското правосудство не се идеални, но далеку подобри од пред неколку години. Сега судството е поставено на солидни темели, тоа се законите за кои Венецијанската комисија имаше највисоки оценки, кои сега гледаме дека заживуваат и во пракса. Би рекол дека во тунелот во кој се наоѓаме, првите зраци светлина веќе се видливи, но дека можеме уште побрзо да се движиме кон светлината и крајот на тунелот.

Еден процес кој значително може да нѐ придвижи во тунелот е филтрирањето или прочистувањето на судството, како процес кој треба да го ослободи судството од политичките или бизнис влијанијата. Ова треба да биде кредибилен процес во кој сите чинители треба да имаат доверба, а крајниот резултат треба да биде зајакнување на одговорноста, подобрување на ефикасноста и зголемување на транспарентноста на судството и обвинителството.

Маричиќ: Како најзначајна, ја издвојувам препораката што се однесува на судството и обвинителството, а тоа е да се зголеми бројот или досието со конечни пресуди за случаи на корупција на високо ниво, вклучувајќи и конфискација на имот стекнат преку криминал. Подеднакво значајна е и препораката да се регулира статусот на прислушуваните материјали, така што утврдувањето на одговорноста за кривичните дела што произлегуваат од прислушувањето ќе продолжи.

ЦИВИЛ МЕДИА: Земјата немала попис од 2002 година. Во 2011 година, режимот на Груевски спроведе неуспешен попис кој, според истрагата на СЈО, земјата ја чинеше преку три милиони евра. Притоа, неуспешниот попис беше искористен за политизирањее и внесе дополнителни поделби и тензии. Две недели по стапувањето на должноста Министер за правда, Вие излеговте со план за попис во април 2021. Што беше толку тешко за Вашите претходници, а што Вам ви беше толку лесно да го донесете тој план?

Маричиќ: Последниот попис е спроведен во 2002 година. Веројатно сме единствената земја во регионот и во Европа која е без попис речиси 18 години. За секоја проекција која се прави, за сите политики кои се носат во државата, пописот е елементарниот податок кој е потребен за кроење на политики, значаен е за економскиот живот, значаен и за инвестициите.

Спроведувањето на пописот не треба да биде предмет на политички калкулации како што тоа беше во минатото. Нашата замисла е пописот да биде спроведен на пролет, во април 2021 година, имајќи предвид дека нѝ следат локални избори во ноември истата година. Законот е веќе во Собрание, ќе има само неколку технички амандмани со кои се менуваат роковите за пописот да биде спроведен во 2021 година.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали може да се очекува правда за жртвите на режимот? Сите знаеме дека Владата го поднесе и Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, што е всушност чекор за враќање на достоинството на жртвите на режимот. Секако, да не го заборавиме и филтрирањето на судството и обвинителството, ревизијата на судските пресуди, кои секако како процеси може да покажат одредени политички влијанија во носењето на одлуките во судовите.

Маричиќ: Неспорни се сомнежите за политичко влијание во судството и истите се нотирани во повеќе меѓународни извештаи. Секако, постојат и други елементи како незаконското прислушкување кои може да бидат основ за сомневање во пресудата. Постојат редовните и вонредните правни лекови кои граѓаните може да ги искористат доколку самите проценат дека има нови моменти во некоја постапка во која тие биле засегнати.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали Министерството за правда ќе продолжи со напорите да ја подобрува легислативата во доменот на борбата против корупцијата и на кој начин ќе се зајакнува капацитетот на институциите во оваа сфера, особено во правосудството? Дали и како планирате да соработувате со министерот Љупчо Николовски и со ДКСК?

Маричиќ: Во најголема мера имаме закони по европски стандарди кои единствено преостанува да заживеат и да се спроведат во пракса. Сепак, со ДКСК ја разгледуваме можноста од потребата за донесување на Закон за потекло на имот и доколку е потребно ќе започнеме еден таков процес.

Воедно, Европската комисија упатува сериозна препорака дека треба да демонстрираме политичка волја за борба против корупцијата преку поддршка на релевантните тела со финансиски и човечки ресурси. Сметам дека е значајно, пред сѐ за нашите граѓани, да овозможиме соодветна поддршка на овие институции со што би се овозможила поефикасна борба против корупцијата.

Со вицепремиерот Љупчо Николовски соработуваме на оваа тема, а во последниот период сме фокусирани на исполнување на препораките на ГРЕКО од V круг на евалуација, кој е на тема: “Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во изминатиот период, имаше забелешки од ОДИХР, ЦИВИЛ и други организации поради менувањето на изборната легислатива во последен момент, како и други забелешки. Постои претставка до Уставниот суд за нееднаквоста на бројот на гласачи во две изборни единици… Дали Министерството за правда ќе ја задржи и продолжи улогата што ја имаше претходно во доменот на изборните реформи? Како изгледа динамиката на изборните реформи во претстојниот мандат? Каде ја гледате улогата на граѓанскиот сектор?

Маричиќ: Клучната реформа на која максимално ќе се посветиме е да ги доближиме граѓаните до лицата кои ги претставуваат во институциите, а тоа е преку воведувањето на отворени листи уште на следните локални избори во 2021 година.

Се надевам дека ќе има консензус по ова прашање од политичките партии и дека најдоцна пролетта, измените на Изборниот законик би биле изгласани од Собранието. Сметам дека е од исклучително значење сите партии да се договорат околу ова прашање, бидејќи тоа е најдобриот начин да ја спроведеме оваа измена без поголеми политички потреси.

Маричиќ: Парадоксално е после 10 години на власт, кога дел од поранешните функционери се соочуваат со постапки пред обвинителствата и судовите да протестирате за правда и да обвинувате за реваншизам. Тоа време заврши.

ЦИВИЛ МЕДИА: Од граѓански активист, еден од раководителите на Младинскиот образовен форум, Евротинк и други, учесник во Шарената револуција до министер за правда во важен и деликатен период за Северна Македонија… Како се носите со функцијата? Ќе успеете ли да ги остварите вашите цели и планови? Кој е Вашиот најголем предизвик на тој пат?

Маричиќ: Како експерт во граѓанскиот сектор стекнав огромно искуство поврзано со преговорите со ЕУ, но и за значајноста на отвореноста на институциите и соработката со граѓанските организации. Отвореноста е принцип кој сметам дека може многу да ѝ придонесе на државата и во справувањето со предизвиците во правосудството кои секако не се малку, а се прилично обемни и сериозни. Секако, се надевам дека официјално ќе започнат преговорите со ЕУ и во овој процес планирам да соработувам со граѓанските организации и да бидат активни учесници во преговорите.

Во Министерството за правда постојат неколку предизвици, од кои како најтешки би ги издвоил донесувањето на Законот за кривичната постапка, Кривичниот законик, како и Изборниот законик за кој е потребна политичка волја. Преговорите со ЕУ иако тежок процес, го дефинирам како процес на слатки маки, кој иако бара многу внимание и посветеност – сепак плодовите од тој процес на трансформација се слатки.

ЦИВИЛ МЕДИА: ВМРО-ДПМНЕ излезе на протести за правда, против реваншизам. Како Вие ќе ги прокоментирате слоганите со кои се појавуваат на улица и ги лепат врз регистарските таблички на луксузните автомобили?

Маричиќ: Моето мислење е дека секогаш е добро за една држава да има активна опозиција која ќе биде контролор на владејачкото мнозинство и позитивно ќе допринесува за развојот на општеството и државата.

Постапките кои ги започна поранешното СЈО постојано се докажува дека се главна грижа на раководството на ДПМНЕ. Парадоксално е после 10 години на власт, кога дел од поранешните функционери се соочуваат со постапки пред обвинителствата и судовите да протестирате за правда и да обвинувате за реваншизам. Тоа време заврши. Сега конечно дојде време на правда и ред. Секој кој се огрешил од законот ќе одговара. Секој кој ќе го прекрши законот исто така ќе одговара.

Во ТВ дебата на еден функционер на ВМРО-ДПМНЕ му кажавте дека има доволно затвори за да ги прими сите криминалци од оваа партија? Навистина, министре, има ли доволно место во затворите за сите обвинети за висока корупција?

Маричиќ: Иако пренатрупаноста во затворите долго време беше проблем за нашата држава, состојбите последниве неколку години се многу променети. Добиваме огромна поддршка од меѓународните партнери за подобрување на условите во затворите, во голема мера тие се реновирани и со зголемени капацитети.

Сега има многу похумани и подостоинствени услови, а лошите слики се минато. Значи, интензивно работиме на подобрување на условите во затворите, а судот е тој што одлучува кој оди во затвор. Како министер за правда, сакам да имаме што е можно помала стапка на криминал и корупција и што помалку луѓе во затворите.

Џабир Дерала

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Хил: САД повеќе нема да интервенираат како досега, Косово и Србија треба сами да ги решат своите проблеми

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ