Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, со став на официјалната Фејсбук страница се огласи министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој посочи дека влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години.
„Над милион попишани граѓани. Одлични вести од Државниот завод за статистика. Влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години!“, пишува Маричиќ во објавата на Фејсбук.
Тој посебно упати благодарност до, како што наведе, „неуморните попишувачи кои на терен неуморно работат за да се обезбеди подобра иднина за сите нас“.