• Latest
Траги на шофершајбна

Маричиќ во Брисел, Левица на шофершајбните

March 24, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Маричиќ во Брисел, Левица на шофершајбните

March 24, 2021 14:46
in ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ПОПИС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Траги на шофершајбна

Траги на шофершајбна

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Во Брисел, Министерот за правда, Бојан Маричиќ промовира вредности што карактеризираат една демократска земја, па зошто да не во блиска иднина и европска, што ќе рече – членка на ЕУ. И додека тој пред европратениците говори за владеење на правото, борба против криминалот и корупцијата, зајакнување на одговорноста, за капацитетите и напорите за реформите во правосудството во нашата земја, некој во домовината „се лепи и се разлева“ по шофершајбните повикувајќи на бојкот на пописот и прави кривично дело.

И тоа некој, не е никој друг, туку некој што зема пари од буџетот на даночните обврзници на Северна Македонија, организиран е во политичка партија и окупира две седишта во македонскиот законодавен дом.

И сега треба да се зборува за правниот поредок, кој подразбира некорумпирани, некриминализирани и одговорни политички структури кои се должни да се грижат за спроведување на правото и правдата. Тогаш, што го кочи Основното јавно обвинителство да одговори на просто прашање: Дали отворениот повик и јавната онлајн и теренска кампања преку делење на летоци за бојкот на пописот на политичката партија Левица претставува кривично дело?

Очигледно некој треба да одговори, но колку тоа е во надлежност на Владата? На прес-конференција од Влада одговорија дека повикувањето на бојкот на пописот е кривично дело според член 387 од Кривичниот законик: парична казна или затворска казна до три години за оние што ќе организираат други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, а сторителот, повикувачот на отпор, пак, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Во случајот на тој „некој“, партијата би добила парична казна (болна точка на лидерот на тој „некој“), а правниот застапник на партијата треба да добие затворска казна?

До ОЈО е пратено дополнително прашање што, исто така, нема одговор, дали ја проследиле изјавата на Владата и дали навистина станува збор за кривично дело и што тие ќе преземат. Одговор нема.

Можеби капацитетите на ОЈО се целосно насочени кој претрес на имотот на Никола Груевски, уште еден правен преседан, за „мир во куќа“, па немаат доволно ресурси да отворат и проверат закон и одвојат 5 минути за одговор на прашање за случај, што има реална основа да биде антидржавно и антидемократско дејствување.

Можеби некои не ја сфаќаат сериозноста дека ваквиот чин на повикување на бојкот против законити одлуки или мерки на државен орган, а такви се и акцијата за собирање на потписи против пописот што ја започна Мицкоски, па и на маргиналците собрани околу Јанко Бачев. Но сето тоа може реално да ја отежнат работата на попишувачите. Можеби тие се тука само за политизирање на пописот, што не е ништо чудно и ново со воспоставената пракса на политизирање на сѐ и сешто.

И додека скоро сите релевантни политички претставници на сите етнички заедници го промовираат пописот и придобивките од него, „здружената“ десница во земјата решила да собира политички поени под лошото образложение дека пописот е обид да се „демакедонизира“ граѓанството.

Убава и секако значајна е промоцијата на реформите во Брисел, но грди се шофершајбните на кои се „залепија“ бојкотирачите со хаштагот „Не отворам врата“. Уште погрд е молкот на носителите на правда во државата.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ