По повод Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, петта година по ред организираат „Марш за женски права“.
-Поттикнати од случајот „Јавна Соба“, и оваа година маршираме под слоганот: „Држава што не постапува е држава што силува“. На овој протестен марш, заеднички ќе упатиме порака дека не можеме да бидеме слободни, кога сè уште се бориме за нашите работнички права, достоинство и почит, и живееме под закана од насилство и системска дискриминација, соопштуваат од Платформата.
-Маршираме бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба“ и сите жртви на родово засновано насилство.
Маршот ќе започне во 15:00 пред министерството за внатрешни работи (МВР) и ќе заврши Паркот Жена Борец.