• Latest

Матарела го осуди растечкиот антисемитизам, холокаустот го нарече најгрозоморното злосторство

January 26, 2024

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Матарела го осуди растечкиот антисемитизам, холокаустот го нарече најгрозоморното злосторство

January 26, 2024 21:39
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска го осуди растечкиот антисемитизам и одржа силен говор за поддршка на еврејскиот народ.

Тој говореше на комеморација во пресрет на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, кој е во сенка на израелската воена кампања во Газа и порастот на антиизраелската активност во Италија.

Шефот на римската полиција денеска им нареди на пропалестинските активисти да го одложат за утре планираниот собир за Денот на сеќавањето на Холокаустот во главниот град. Израелската еврејска заедница се пожали дека тоа би можело да биде можност за анти-израелските сили да го искористат собирот против Евреите.

На денешната церемонија во претседателската палата Квиринале на која присуствуваа премиерката Џорџа Мелони и лидерите на италијанската еврејска заедница, Матарела го нарече холокаустот „најгрозоморното злосторство“ и потсети на соучесништвото на Италијанците под фашизмот во депортацијата на Евреите.

Тој рече дека нападите на Хамас на 7 октомври врз Израел биле „грозно повторување на ужасите на Шоа“, што е хебрејско име за Холокаустот.

Матарела, исто така, изрази болка поради зголемениот број на жртви во Газа од израелската воена офанзива и повика на почитување на основните човекови права.

– Оние кои претрпеа злобен обид да се избрише нивниот народ од лицето на земјата, знаат дека правото на друг народ на држава не може да биде ускратено, рече Матарела, мислејќи на Израелците.

Бројот на антисемитски напади во Италија достигна невиден врв минатата година, со 216 случаи пријавени само во последните три месеци од 2023 година, додека имало 241 таков напад во цела 2022 година, соопшти Опсерваторијата за антисемитизам. Минатата година се регистрирани вкупно 454 антисемитски случаи, што е најголем пораст досега.

– Мртвите од Аушвиц, расфрлани на ветрот, постојано нè предупредуваат: Човечкиот пат оди по тешки и ризични патишта. Тоа се манифестира и со враќањето во светот на опасните моменти на антисемитизмот, предрасуди кои се навраќаат на античките антиеврејски стереотипи, засилени со социјалните медиуми без контрола, рече Матарела.

Tags: антисемитизамСерџо Матарела
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ