• Latest
фото: Википедија

Матка ќе се репрогласи како споменик на природата до крајот на годината

August 15, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Матка ќе се репрогласи како споменик на природата до крајот на годината

August 15, 2022 11:38
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
фото: Википедија

фото: Википедија

Share on FacebookShare on Twitter

Кањонот Матка сè уште чека репрогласување како споменик на природата и вистинска заштита на реткостите кои можат да се најдат на овој локалитет. Министерството за животна средина во моментов работи на додефинирање на текстот на Нацрт-законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата, откако ги доби писмените забелешки од Градот Скопје, Општината Сарај и другите засегнати институции. Постапката за конечно донесување на законот очекуваат да заврши до крајот на годината, до кога ќе треба да биде дефиниран и управувач со заштитеното подрачје и да се формира управувачката структура, пишува Мета.

Министерството за животна средина минатата година ја изработи првичната верзија на Нацрт законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата, кој е во согласност со Законот за заштита на природата од 2004 година. Претходно, во јуни 2020 година во соработка со Град Скопје, УНДП и национални експерти беше извршена и ревизија на Студијата за валоризација на природните вредности на заштитеното подрачје. Промените беа во насока на измена на постоечките граници и утврдување на предлог зоните во ГИС со наративни описи и дефинирање на режимот на заштита.

„Студијата заедно со Предлогот за прогласување на заштитениот локалитет Кањон Матка за споменик на природа, донесен од Советот на Град Скопје, беше доставена до Министерството, врз основа на што се изработи Нацрт законот. Репрогласувањето на Матка ќе биде финализирано со усвојување на законот кој треба да биде донесен до крајот на годинава“, информираат од Министерството.

Во Градот Скопје велат дека процедурата за репрогласување на Матка како споменик на природата тече и дека целта е да се донесе квалитетен закон со кој ќе се земат во предвид сите аспекти кои се важни за овој локалитет.

„Во постапка е процедурата за изменување и дополнување на Нацрт законот од причина што надлежното Министерство сè уште ги разгледува доставените забелешки. Целта е нивно имплементирање за да се добие квалитетен и функционален закон за граѓаните на Скопје и пошироко, земајќи во предвид дека Кањонот Матка е и атрактивна туристичка локација“, велат од Градот Скопје.

Кањонот Матка е еден од најзначајните локалитети во националниот систем на заштитени подрачја, бидејќи поседува повеќе природни и културни карактеристики и обележја и има научно, воспитно, образовно, духовно и туристичко значење.

За неговата заштита од узурпација на брегот треба да се грижи Општината Сарај, односно локалниот градежен инспекторат. Основното јавно обвинителство уште во 2020 година има отворено две постапки против две лица за узурпација на брегот на езерото, каде поставиле дрвени платформи и изградиле објекти. Ова се само два од повеќе примери на уништување на природата на Матка со платформи, објекти и различна друга инфраструктура, што се случија во изминатите 18 години, додека се чека репрогласувањето. Сега, истовремено со очекувањето на законот и репрогласувањето, јавноста ја бара и разрешницата на овие, но и на другите случаи на узурпација, кои мора да завршат со санација на штетата и со враќање на локациите во првобитна состојба.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ