„Добиваме многу пријави за дискриминација на Ромите. Но, често тие пријави не се санкционираа(т), бидејќи институциите утврдуваа(т) дека не постои дискриминација“, вели за ЦИВИЛ Медиа, Ремзи Медик од невладината организација „Баирска светлина“ од Битола.
Тој вели дека, во моментов, соработуваат со Европскиот центар за правата на Ромите (ERRC) од Будимпешта, со чии претставници ќе работат на повеќе случаи поврзани со дискриминација.
„Верувам дека во иднина, ќе добиваме повеќе судски процеси кои ќе утврдат дека постои етнична, родова или верска дискриминација“, додава тој.
Медик вели дека го преземале и случајот на Фикри Јашаров кој не бил пуштен да влезе во базенот „Довлеџик“ во Битола.
Текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Даниела Нисева