• Latest
Фото/ Изет Меџити од неговиот Фејсбук профил

Меџити: Министрите на ДУИ се без легитимитет на граѓаните

January 13, 2023

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Меџити: Министрите на ДУИ се без легитимитет на граѓаните

January 13, 2023 15:05
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Фото/ Изет Меџити од неговиот Фејсбук профил

Фото/ Изет Меџити од неговиот Фејсбук профил

Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој е и дел од таканаречената „огнена група“, веќе подолго време јавно го изнесува незадоволството од начинот на кој работат министрите кои доаѓаат од ДУИ.

Тој вчера во интервју за „Клик пулс“ ги обелодени своите критики што ги имаат кон оваа власт. Меѓу другото, тој рече дека не е заинтересиран ниту да биде лидер на партијата, ниту да го замени Али Ахмети. Дека за оваа влада гласал само поради Али Ахмети и евроинтеграциите.

– Дваесет години сум во оваа партија и континуирано и носам победа на партијата во местото каде што сум, немам ли право да му кажам кога некој некаде ќе згреши? Оваа Влада е формирана пред две години и оттогаш ги искажувам моите критики за оваа извршна власт и јавно пред Собранието кажав дека ќе гласам за оваа Влада само поради Али Ахмети и поради европските интеграции. Во принцип, јас бев против, гласовите на терен се собрани со Али Ахмети и оваа извршна власт не се соочуваше со граѓаните, значи нема легитимитет кај граѓанините. Исто така, оваа извршна власт ги нема поминато филтрите на партиските органи, односно во генералниот совет, рече Меџити вчера во емисијата „Клик плус“ во ТВ 21.

Меџити, кој воедно е и пратеник во македонското Собрание го коментираше обидот на Алијанса за Албанците да влезе во Владата.

„Тие можат да ја внесат Алијансата за Албанците за да ја замолчат „Огнената група“, вака Изет Меџити ја гледа ситуацијата по информациите дека албанската опозициска партија може да стане дел од владината коалиција.

Меџити упати обвинувања до првиот заменик-премиер Артан Груби дека го елиминира наследството на ДУИ и одредени политички поединци

„Со правење нови работи, нови наследства, вицепремиерот Артан Груби го елиминира наследството на ДУИ и политичките личност“, изјави Меџити, додавајќи дека
„Груби со тоа што го прави, се обидува да елиминира наследство на ДУИ со тоа што политички ги елиминира политичките личности, внатре – столбовите на ДУИ, обидувајќи се да остави ново наследство“.

Изет Меџити во вторникот најави дека в сабота во 19 часот ќе одржат состанок со структурите на огранокот на ДУИ во Битола. Неколку часа подоцна, на социјалните мрежи се појави уште една објава, овој пат од министри од ДУИ, на која најавија средба во ограноците на партијата во Чегране и Гостивар под мотото „Заедно за ЕУ“ за истиот ден и во исто време.

За најавените средби на претставниците на ДУИ со партиските структури во гостиварско Чегране за в сабота во 19 часот, Меџити вели дека за нив не е одлучено на Генералниот Совет на партијата.

Коментирајќи ја вчерашната средба на министерот за економија Крешник Бектеши со други функционери од ДУИ во Битола, Меџити истакнува дека оваа посета, која доаѓа пред најавената посета на т.н. „Огнена група“ во овој град за в сабота во 19 часот, е недолична.

Расколот во ДУИ

Превирањата почнаа откако членови на ДУИ на 24 септември во отворено писмо обвинија дека во партијата речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски тела и дека политичкото одлучување, според нив, станало индивидуално.

Незадоволната група од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во декември претставија анализа и го повторија своето незадоволство од работењето на дел од министрите во Владата и побараа одговорност за тоа. Тие се пожалија дека нивните забелешки не биле разгледани во партијата, поради што се одлучиле да ги споделат со јавноста, членството и со гласачите.

Меџити истака дека го избрале овој начин на делување, бидејќи во партијата им било кажано дека повеќе нема да има средби за ова прашање. Анализата содржеше оценка за реализацијата на 170 ветени предизборни проекти за периодот 2020-2022 година.

Н. Абдурахмани

 

 

 

 

 

 

Tags: Али АхметиДУИИзет Меџити
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ