Незадоволната група од Демократската унија за интеграција (ДУИ) предводена од пратеникот Изет Меџити, градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети, на Чаир Висар Ганиу, како и Муса Џафери за денеска најавија дека ќе одржат прес-конференција во врска со политичката ситуација во земјата.
Тие преку електронска пошта до медиумите најавија дека денеска во 13:00 часот во хотел „Холидеј ин“ ќе одржат прес-конференција.
На последната средба на Централниот совет што се одржа во Тетово се избраа нови имиња на партијата, што и беше главната забелешка на ова група. Новото претседателство сега брои 37 членови, додека партијата ќе ја предводи Али Ахмети. Во новото претседателство што го предложи Ахмети, се избраа членовите на ова група кои неодамна изразија незадоволство од работата на извршната власт, а особено кон вицепремиерот Артан Груби.
Од ова незадоволна група за потпретседател на партијата беше избран Изет Меџити, а за организационен секретар Блерим Беџети. Во меѓувреме, членови на Претседателството се избраа и Невзат Бејта и Висар Ганиу.
Ахмети за членови на Надзорниот совет ги предложи и Муса Џафери и Беким Незири.
Н. А.