• Latest

Медиумска писменост наспроти новинарска неписменост во борбата против дезинформациите и лажните вести

November 3, 2022
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за скандалозната изјава на Ангелов за насилна дислокација на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Фото: Уставен суд

Претседателот на Уставниот суд се сретна со директорот на набљудувачката Мисија на ОДИХР за изборите, Матео Мекачи

September 16, 2025
Фото: МИА

Европските кругови сметаат дека обвинувањата на руската служба за „Српски Мајдан“ се намерно ширење пропаганда

September 16, 2025
Фото: Фејсбук статус на Томовски

Објавен телефонскиот број за пријавување злоупотреба на службени возила

September 16, 2025

Мицкоски: Подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам, итно да се преземат законски измени

September 16, 2025

(ВИДЕО) ☕ ДУПЛО ЕСПРЕСО: Руските воени провокации во Полска, убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, дипломатскиот скандал со рускиот амбасадор во земјава и други стории

September 16, 2025

Мустафа и Салиу за ЦИВИЛ: Не ја слушнавме изјавата на Ангелов за селењето на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Медиумска писменост наспроти новинарска неписменост во борбата против дезинформациите и лажните вести

November 3, 2022 15:42
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Деновите на медиумска писменост што се одбележаа од 25 октомври до 1 ноември под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, завршија, но борбата за описменување на јавноста, но и на медиумските работници допрва почнува.

Како позитивен чекор напред се грантовите за воведување на медиумска писменост за четири образовни институции во рамки на проектот на УСАИД „Младите размислуваат“ во реализација на ИРЕКС заедно со Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Надежите на експертите и медиумската фела се дека постепено ќе се стигне до воведување на медиумската писменост како дел од  образовниот процес почнувајќи од  основните и средните училишта. Целта е да се генерира критичка мисла која произлегува од точни и навремени информации наспроти медиумски простор кој бруи од лажни вести, дезинформации и пропаганда. Но, за тоа е потребно време, посветеност, едукација и следење на брзиот технолошки и комуникациски развој.

ЦИВИЛ Медиа неделата на медиумската писменост ја посвети токму на аспектот како разобличувањето на дезинформациите и лажните вести можат да придонесат кон формирање на јавно мнение што во своето општествено-политичко делување ќе промовира демократски вредности и практики исчистени од националистичките и деструктивните реторики. Од друга страна е процесот кој ја сноси одговорноста за ширење на дезинформациите користејќи го медиумскиот простор.

Младен Чадиковски од ЗНМ, Катерина Синадиновска од СЕМ, новинарот и претседател на ССНМ, Павле Беловски и колумнистот на Фронтлајн, Ненад Јовановиќ беа соговорници на ЦИВИЛ Медиа за медиумите и одговорноста, борбата со лажните вести и дезинформациите и медиумската писменост како предуслов за подобрување на стандардите, но и градење на позитивна слика за новинарството како професија од јавен интерес.

Во оваа битка треба да се вклучи целото општество, а медиумските работници/чки треба да бидат заштитени не само заради нив самите туку да бидат во можност подоследно да им служат на граѓаните

Чадиковски вели дека во однос на медиумската писменост не сме на ниво за фалење.

„Не можеме да се пофалиме дека сме на некое високо ниво во Европа. Напротив ние сме на дното. И тоа е еден начин да се работи со описменување на граѓаните, како да ги читаат вестите. Тоа не е процес од еден, два месеци, туку процес што ќе трае години и треба да почне од најмали нозе, практично од градинка. Да се воведе школите, што веќе се воведува, да се описменат наставниците за тоа како да го предаваат и да продолжи преку систематизирање во целото општество понатаму. Вториот начин е преку факт чекинг организации што работат на подигнување на свеста за дезинформациите. Тоа не е лесно да се прави бидејќи секоја дезинформација патува многу побрзо од вистината и не е лесно да се спречи“, вели Чадиковски.

Во основа ние ќе треба да ги следиме препораките што во таа насока ги има ЕК, а од друга страна самите редакции ќе треба да го засилат својот новинарски потенцијал за да објавуваат проверени, вистинити и точни информации.

Новинарските организации имаат одговорност од аспект на медиумите и колку треба да внимаваат што објавуваат, да се свесни за одговорноста за јавно кажаниот збор и за сопствената одговорност во една демократија

Синадиновска се осврна на аспектот дека дезинформациите паралелно одат со говор на омраза, затоа државата мора да биде поажурна во однос на санкциите.  Но, она што е најважно но резултатите ќе се видат на долг рок е медиумската писменост.

Одлични се проектите што предвидуваат воведување нам медиумската писменост, прво на академско ниво, па веројатно ќе се развива таа иницијатива. Граѓаните мора да бидат свесни дека не сѐ што ќе прочитаат на интернет е точно и дека секој мора сам да работи да се описмени медиумски и да биде свесен како да си ја провери информацијата

„Првата препорака е секогаш да се врши факт чекинг пред било што да се објави. Кога една дезинформација ќе излезе надвор веќе штетата е во голем дел направена. Мораме да се вратиме на основата на новинарството – да се провери пред да се објави“, вели Синадиновска.

Справувањето со дезинформациите, саморегулацијата, треба да тргне од самиот себе.

„Тој што пишува не ја разбира опасноста од лагата и лажната информација која е сервирана на останатите во општеството имаме голем проблем. Тоа е најголемиот и најгорлив проблем во сите општества. Ние сами нема да се избориме со ова прашање. Ние немаме вести. Ние имаме море од лажни вести во етер или прекопирани вести без авторски права и останува сам кој е медиумски писмен да ја види точната вест“, смета Беловски.

Зборуваме за медиумската писменост, а не зборуваме за новинарската неписменост

Беловски смета дека денеска секоја може да биде новинар, и ако ги исклучиме новинарите што имаат формално образование, потребни се обуки, стекнување вештини, а не туку така секој да се пушта во новинарската фела без да помине низ некој филтер.

Улогата на медиумите е да информираат, да еманципираат и да забавуваат, и во овие три вредносни трактати има огромна сила на злоупотреба. Има информации кои се очајни, тенденциозни и злонамерни и прават огромна штета.

Преку медиумите да се обидеме да произведуваме вредности и добри луѓе, во спротивно ни нема спас

„Мојот суд за дезинформациите е секогаш да гледам што повеќе информации од оние сајтови кои според мене се прозападни и проевропски медиуми и ми се многу важна референца кога сакам да одвојам што е вистина, а што е лага“, вели Јовановиќ.

Медиумската писменост низ призма на глобалните општествено-политички состојби и актуелните превирања на македонската политичка сцена бара, освен медиумски,  силен граѓански ангажман, но и институционален каде постоењето на политичка волја ќе ја надмине декларативната состојба во практично и системско решавање пред сѐ на правата на медиумските новинари, но и правата на граѓанинот да биде точно и навремено информиран.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ