• Latest

Мегаватна електрана од 500 милиони евра, Бугарија не бара Бугари во српскиот или грчкиот устав, продолжува црната кампања, анкетите пропагандно оружје

October 12, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Мегаватна електрана од 500 милиони евра, Бугарија не бара Бугари во српскиот или грчкиот устав, продолжува црната кампања, анкетите пропагандно оружје

October 12, 2021 16:58
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Ќе се изгради мегаватна ветерна електрана во вредност од 500 милиони евра

Изградба на 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра, најавија денеска премиерот Зоран Заев и германската компанија WPD. Станува збор за најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес. Ветерниот парк ќе има најголем капацитет од обновливи извори на енергија во земјава, колку што имаат двата болка на РЕК Битола, и ќе ќе бидат поставени 69 нови ветерни турбини што е за четири пати повеќе од досегашните 16 на границата со Грција, кои ќе создаваат над 400 мегавати струја.

Ветерниот парк „Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, ќе снабдува 290.000 домаќинства со електрична енергија, а инвестицијата ќе се одвива во неколку фази.

WPD работи во 28 земји и располага со над 5.000 мегавати инсталиран капацитет во обновливи извори.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

 Кржаловски: Зошто Бугарија не бара Бугари во српскиот или грчкиот Устав?

„Треба да се побара да демонстрираат како другите нивни соседни земји го имаат решено тоа. Како е во Грција или во Србија? Колку што знам нема „Бугари“ во српскиот Устав, на пописот имаше над 20.000 Бугари, а тие веќе преговараат! Дали Бугарија го има побарано истото од Србија? Или како е во Грција? Нели тие тврдат дека Гоце Делчев од Кукуш е Бугарин? Дали побарале да има „Бугари“ во грчкиот Устав? Или барем Грција да признае бугарско етничко малцинство во Грција? Колку Бугари има на пописот во Грција? Итн… Има многу аргументи со кои може да се водат разговорите, па и преговорите за деблокада. Но, зголемувањето на барањата исто така покажува дека на таа страна нема волја за решение! А причините за тоа се други и многу јасни“, изјави Александар Кржаловски (МЦМС) за Слободен печат.

ИЗБОРЕН РАПОРТ

Продолжува црната кампања, анкетите – пропагандно оружје

Во третата, финална, недела од изборната кампања, од час во час, гледаме само уште повеќе од истото. Собири, митинзи, претставување кандидати и – многу помалку – кандидати, презентации на програми и ветувања, што остварливи, а уште повеќе тешко остварливи или неостварливи… И – неодминливата – црна кампања.

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ

ЦИВИЛ ќе го презентира својот Извештај од долгорочниот изборен мониторинг, в петок, 15 октомври, со почеток во 12:30 часот. Презентацијата за јавноста и медиумите ќе се одржи во Бизнис центарот „Палома Бјанка“, во прес центарот на ЦИВИЛ, на 3. кат.

Во Извештајот на ЦИВИЛ се поместени извештаите од мониторингот во повеќе од десет категории кои се нотирани во изминатиот, предизборен, период.

ЦИВИЛ ќе ги изнесе и своите наоди, анализи и препораки во пресрет на првиот круг од локалните избори.

Медиумите се добредојдени да се приклучат во живо на платформата Зум, а со максимално почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19, ЦИВИЛ ќе обезбеди услови и за физичко присуство на 3-4 новинарски екипи.

Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).

Презентацијата ќе се емитува во живо на:
https://www.facebook.com/civil.mk
https://www.youtube.com/c/CivilMacedonia

ФЛЕШ ВЕСТИ

Скрининг за ученици Нема информации кога ќе почне скринингот на 8200 ученици во основните и средните училишта, што од Министерството за здравство беше најавен за почетокот на оваа недела.  Преку регистарот во Е-дневник по случаен избор тие треба да бидат тестирани на КОВИД=19, со согласност од нивните родители, за да се се добијат податоци дали има пренесување на вирусот во училиштата.

Зелени Забрана за „Дрисла“ за прием и третман на опасен отпад заради  непоседување соодветна инсталација.

Finance Think Вакцинацијата ги намалила трошоците за хоспитализација за 170,8 милиони денари или 2,8 милиони евра во текот на последните пет недели од делта бранот, покажува најновиот бриф на „Finance Think“.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ 

Спонзорирана црна кампања од „анонимни“ профили на Фејсбук и Твитер

Собири, митинзи, средби со граѓаните, засилени спонзорирани политички содржини на социјалните мрежи за претставување на кандидатите и презентации на програми и ветувања… Но, и црна кампања на Фејсбук и Твитер претежно од „анонимни“ профили.

Премиерот на државата и лидер на СДСМ, Зоран Заев истакнал дека Претседател на државата се избира на непосредни избори на кои гласаат граѓаните, и тоа не се договара партиски, бидејќи тоа е невозможно, окако вчера коалицискиот партнер ДУИ, Али Ахмети во кампањата за локални избори најавил дека следно што ќе го реализира е Албанец да биде претседател на државата.

ИНТЕРВЈУ

Тунева: Професионалните медиуми се одговорни за разобличување на лажните вести

Доцент доктор Марина Тунева, актуелна директорка на Советот за етика во медиумите зборува за своите последни искуства од студискиот престој во САД, за тамошната борбата против лажните вести, за македонските медиумски состојби, напливиот на дезинформациите на социјалните мрежи но и во медиумите, за потребата од интензивирање на еукативните процесите за медиумската писменост, за нужноста од саморегулација во медиумите наспроти обидите за државен интервенционизам.

ЕДИТОРИЈАЛ

Суртуци пред Могилата на непобедените

„Идејата за „герила акција“ е лоша, непристојна и груба, понижувачка за нив самите – најблаго кажано. Од друга страна, тоа е најдоброто што може да го смисли една гротескна, монтипајтоновска лумпен-политичка банда“, пишува Џабир Дерала во денешниот едиторијал.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Она што ги обединува е омразата кон Заев. Повеќе одошто се мразат меѓу себе. Ни МАНУ не успеа да ги обедини како што треба, иако многу електро-инженерски (а и машински) труд се инвестираше во таа високонапонска релативизација. Само Заев го мразат здружено, како попови кои мрсат во петок“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Во „новата иднина“ со најстарите закани“.

Д. Тахири

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ