• Latest

Забрана за „Дрисла“ за прием и третман на опасен отпад, не поседува соодветна инсталација

October 12, 2021

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Забрана за „Дрисла“ за прием и третман на опасен отпад, не поседува соодветна инсталација

October 12, 2021 13:23
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

В.д. директорот на Инспекторатот за животна средина Сретен Стојковски денеска информира дека откако е дојден на функција, издадени се решенија за забрана на прием и третман на 26 видови на опасен отпад во ЈП „Дрисла“, поради непоседување на соодветни инсталации.

– Во овој период се изречени решенија на ЈП за депонирање на комунален отпад „Дрисла“ за забрана да врши прием и третман на 26 шифри, односно видови на опасен отпад, меѓу кои отпад од пестициди, киселини, опасен отпад што содржи жива, од А-интегрираната дозвола издадена на 19.02.2021 година, поради непоседување на инсталација за третман или преработка на посочениот отпад, наведе Стојковски.

Тој додаде дека од правниот субјект ЈП „Дрисла“ е побарано да постапи согласно член 116 од Законот за животна средина и да поднесе барање до надлежен орган, Управата за животна средина при МЖСПП, за измена на интегрираната еколошка дозвола и да ги раскине сите склучени договори за прием и третман на тие видови на опасен отпад.

– Симптоматично е како претходната директорка пет месеци од издавањето на дозволата не реагирала пред да биде разрешена, иако учествувала во инспекцискиот увид и знаела дека „Дрисла“ нема инсталации за третман и преработка на опасен отпад, рече в.д. директорот на ДИЖС.

Тој образложи дека на „Дрисла“ и е издадено решение со кое се задолжува во предвидениот рок да поднесе барање до Управата за животна средина да ја измени А-интегрираната дозвола и во тој период да ги раскине сите договори и да не смее да прима опасен отпад од наведените видови на отпад.

– Бидејќи „Дрисла“ нема инсталација за третман не ми е јасно како е издадена дозволата, зошто е издадена и зошто е направен инспекциски увид и е констатирано дека нема забелешки во однос на инсталацијата. Пет месеци пред моето доаѓање, ЈП „Дрисла“ функционирало со таа дозвола и не е постапувано согласно законот, било потребно директорката да ја одземе дозволата, нагласи Стојковски.

Тој додаде дека „Дрисла“ не е парично казнета и дека и е даден да се усогласи. Дозволата, како што додаде, е издадена на 19 февруари 2021 година, а барање е поднесено во ноември 2020.

– Ние со решение им забранивме на „Дрисла“ да примаат таков отпади им дадовме рок да си достават барање до МЖСПП. Исто така, и Министерството е известено со информација за нашето решение, така што „Дрисла“ веќе не може да прима таков опасен отпад. Рокот е 90 дена. Во моментов „Дрисла“ има А-интегрирана еколошка дозвола каде во еден од прилозите, прилог 3, има 36 шифри на опсен отпад коишто се наведени во дозволата, а никаде во дозволата нема објаснување за екологијата, инсталации и начин на преработка и складирање на таквиот отпад што е симптоматично и не знам како е издадена таква дозвола за таков вид на отпад, истакна Стојковски.

Директорот наведе дека работат на тоа да дојдат до конкретни сознанија што од опасен отпад е фрлано во „Дрисла“.

– Во дописот до МЖСПП побаравме да се направи генерална еколошка ревизија со којашто ќе се направи увид во комплетната состојба со „Дрисла“. Бидејќи при пренос на сопственоста од Јавно приватно партнерство во ЈП било потребно да се направи генерална еколошка ревизија тоа не е направено, пред издавањето на дозволата, посочи Стојковски.

Тој информираше дека „Дрисла“ собира комунален, медицински и има можност за собирање на градежен шут загаден со азбест.

Според Стојковски, изминативе два месеци, откако е на функцијата, се направени вкупно 327 надзори, од кои 164 редовни, 73 контролни и 90 вонредни надзори. При тоа се издадени 42 решенија и се изречени четири прекршочни санкции и три платни налози.

– За разлика од тоа, во периодот август-септември 2020, направени се вкупно 263 надзори, 168 редовни, 61 контролен и 34 вонредни надзори. Од овие податоци можеме да дојдеме до заклучок дека бројот на вонредни надзори е зголемен за 200 отсто во однос на 2020 година, рече Стојковски.

Тој додаде дека за непостапување по решение на државниот инспектор за животна средина од Охрид за запалена нестандардна депонија, во два наврати се изречени две прекршочни санкции и два платни налози на правниот субјект ЈП „Охридски комуналец“ и одговорното лице во претпријатието, за прекршоци од прва категорија каде се предвидуваат казни од 2000 до 3000 евра за правното лице и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице и прекршок од втора категорија, каде е предвидена казна од 6000 евра за правното и 800 евра за одговорното лице.

– За непријавен еколошки инцидент во рудникот Булмак во Пробиштип по решение на државниот инспектор за животна средина од Пробиштип издадено е решение за расчистување на локацијата и барање за спогодување до Комисијата за спогодување при МЖСПП за прекршок од трета категорија, каде е предвидена глоба од 100.000 евра, посочи директорот на ДИЖС.

Тој нагласи дека во истиот период имале и голем број на пријави за запалени нестандардни депонии во цела држава, пријави за ископ на песок за регулација на речни корита, контрола на рибници во Вруток и други пријави коишто не се во нивна надлежност и тие биле препратени до овластените општински инспектори и други органи за постапување по нив.

– Еден од општинските инспектори, Андријана Забеговска Георгиевска конечно се охрабри и реагираше и изрече прекршочна санкција со платен налог од прва категорија за правното лице ЈКП „Пролетер“ – Ресен, посочи Стојковски. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ