• Latest
Добро утро со Орданоски

Во „новата иднина“ со најстарите закани

October 12, 2021
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Во „новата иднина“ со најстарите закани

Она што ги обединува е омразата кон Заев. Повеќе одошто се мразат меѓу себе. Ни МАНУ не успеа да ги обедини како што треба, иако многу електро-инженерски (а и машински) труд се инвестираше во таа високонапонска релативизација. Само Заев го мразат здружено, како попови кои мрсат во петок

October 12, 2021 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Предизборните кампањи се демократска екстраваганција во која секому му е дозволено да тропа што ќе му текне. Особено се трогателни оние што ги изгубија претходните избори (а и уште неколку пред нив), бидејќи „новата иднина“ (?!) што масовно се ветува по предизборните митинзи многу наликува на „дрвеното железо“ од „старото минато“ што предобро го памтиме.

Директно од најдлабоката морална канализација на тоа минато, во последниве недели се „пробудија“ сите нивни тролови, пропагандни битанги и новинарски ликвидатори, предводени од неколку доајени на новинарската глупост и злоба кои со години ја малтретираа јавноста, одработувајќи за сите национал-популистички автократи од регионов, од Милошевиќ до Груевски и назад. Наместо да им платат да молчат – повторно ги плаќаат да лелекаат по убавините на паднатиот режим. Тие и денеска не можат да прежалат што станавме членки на НАТО и што обидот за државен удар со упадот во Собранието на 27 април се покажа како лошо смислена и трагично изведена операција, со мизерен крај.

А така добро им одеше цела една деценија.

Дел од нив ликуваат поради евро-интегративното вето од Бугарија и тоа токму во деновите кога се слави почетокот на поразот на фашизмот пред 80 години. Кога ги читаш или слушаш, речиси да помислиш дека партизаните биле поразената страна во Втората светска војна. И дека таа фактичка состојба некако ќе се промени, само затоа што Бугарија денеска е во ЕУ, а ние чекаме да бидеме примени таму. Интимно претпоставуваат дека се повторно на погрешната страна на историјата, бидејќи не е нормално цел свет да врши притисок врз Софија, а тие да се во право. Компромисот по кој се трага, кога ќе се постигне, повторно ќе биде предавство за нивната задгробна кауза.

Она што ги обединува е омразата кон Заев. Повеќе одошто се мразат меѓу себе. Ни МАНУ не успеа да ги обедини како што треба, иако многу електро-инженерски (а и машински) труд се инвестираше во таа високонапонска релативизација. Само Заев го мразат здружено, како попови кои мрсат во петок.

Следствено, локалните избори ги претворија во расчистување стари сметки – ни власта, се разбира, не им останува должна – наместо во понуда на визии (и филозофии!) за урбаното живеење, без да им ги истураат на гласачите „судбинските“ национални прашања врз глава. Пак „народот“ треба да решава дали ќе го биде или не, иако на тие теми во неколку претходни изборни (а и референдумски) прилики јасно стави до знаење што мисли.

Патем, на добар пат се да ја искомпромитираат целата идеја за независни, непартиски кандидати со „најпартиската“ грдоначалничка кандидатка што можеле да ја смислат за Скопје и со заканите на оној десничарски егзибиционист на минитинзите на „својот“ независен скопски кандидат дека ќе сече раце и глави по изборите…

Може да е и од ковидот. Сѐ уште е медицински нејасно каде сѐ удира подмолноста на вирусот, но и хипокампусот – тој длабоко сместен дел од мозокот задолжен за учење и помнење – може да е една од вирусните жртви. Да ти се одземе здивот колку малку научиле, а ништо и не запомниле.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ