Седумдесет и осум жени се наоѓаат во групата заробени украински војници од руските сили во опколената челичарница „Азовстал“ во Мариупол, изјави лидерот на проруските сепаратисти, Денис Пашулин пренесе денеска ДПА, објави МИА.
Меѓу затворениците во фабриката за челик имало и странски државјани, јави Тасс, цитирајќи го Пушилин, кој не даде точни бројки.
– Имаа доволно храна и вода, имаа и доволно оружје. Проблемот беше недостатокот на лекови, изјави Пушилин.