• Latest

Меѓународен ден на образованието

January 24, 2019
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Меѓународен ден на образованието

January 24, 2019 12:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Генералното собрание на Обединетите нации на 3 декември 2018 година, со консензус ја усвои резолуцијата за прогласување на 24 јануари како Меѓународен ден на образование, во одбележување на улогата на образованието за мир и развој.

Усвојувањето на резолуцијата 73/25 “Меѓународен ден на образованието”, коавторство на Нигерија и 58 други земји-членки, ја покажа непоколебливата политичка волја за поддршка на трансформативните активности за инклузивно, правично и квалитетно образование за сите.

Со тоа, меѓународната заедница потврди дека образованието игра клучна улога во градењето одржливи општества и придонесува за постигнување на сите други цели за одржлив развој.

Во насока на зајакнување на меѓународната соработка во поддршката на напорите за реализација на целта 4 за одржлив развој, резолуцијата ги повика сите засегнати страни, вклучувајќи ги земјите-членки, организациите на системот на ОН и граѓанското општество, невладините организации, академските институции, приватните сектор, поединци и други релевантни засегнати страни за набљудување на Меѓународниот ден на образованието.

Денеска се одбележува првата годишнина на Меѓународниот ден на образованието. По тој повод УНЕСКО ги повикува владите и сите партнери да го направат универзалното квалитетно образование водечки приоритет.

„Овој ден е повод за повторно да ги потврдиме основните принципи. Прво, образованието е човеково право, јавно добро и јавна одговорност. Второ, образованието е најмоќната сила во нашите раце за да обезбеди значителни подобрувања во здравјето, да го стимулираме економскиот раст, да го отвориме потенцијалот и иновациите потребни да изградиме попродорни и одржливи општества. И на крај, итно треба да повикаме на колективна акција за образование на глобално ниво”, изјави Одри Азулај, генерален директор на УНЕСКО по повод Меѓународниот ден на образованието.

Б. Ј.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ