• Latest

Меѓународна летна школа за права на бегалци и миграција

August 26, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Меѓународна летна школа за права на бегалци и миграција

August 26, 2022 11:10
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во партнерство со Претставништвото на УНХЦР во Северна Македонија и Меѓународниот институт за хуманитарно право во Санремо, оваа година организира трета летна школа за права на бегалци и миграција. Летната школа за 2022 година е посветена на темата: „Kонфликтите како причина за раселување“ (Summer School for Refugee Rights and Migration 2022: Conflicts as a Cause of Displacement”) .

Летната школа претставува можност за студенти од сите три циклуси на студирање да се стекнат со знаење од областа на право на бегалци и миграција. Програмата опфаќа 13 предавања и дополнителни попладневни сесии организирани во 5 дена и е дизајнирана да им помогне на студентите критички да размислуваат за прашања поврзани со правата на бегалците и миграцијата во интердисциплинарен и меѓународен контекст. Предавачите на оваа летна школа доаѓаат од целиот свет и се од редот на универзитетски професори, како и експерти и практичари од областа на правото за бегалци и миграцијата и пошироко.

Оваа година летната школа се спроведе преку онлајн платформа за комуникација. Во текот на отворениот повик за летната школа аплицираа над 300 студенти од 80 земји од светот. Од вкупниот број на апликанти можност да присуствуваат на летната школа добија 80 студенти од 42 држави. Голема чест е што имаме студенти од целиот свет кои се заинтересирани и посветени на изучувањето на правата на бегалците и миграцијата.

По повод отворањето на летната школа проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во неговиот говор истакна дека во текот на изминатите неколку години Школата се покажа како успешна и универзитет со голема поддршка и задоволство е дел од овој проект.

 „Школата се покажа успешна во текот на изминатите неколку години и ние како универзитет со голема поддршка и задоволство сме дел од овој проект. Секоја година сме домаќини на студенти и професори од целиот свет за овој настан, па затоа е големо задоволство да  посакам добредојде на новата генерација студенти на нашата летна школа. Преку учеството во оваа Школа, студентите се придружуваат на голема заедница алумни кои го стекнале своето образование на нашиот Универзитет и во исто време ќе се приклучат на ексклузивна група алумни на Летната школа организирана од трите институции.“

Кристина Бунеа, која го предводи одделот за заштита при Агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР, истакна дека третото издание на летната школа се надградува врз успехот од претходните две организирани во склоп на нашето партнерство.

Овогодишната тема на летната школа е уште порелевантна имајќи го на ум растечкиот број бегалци ширум светот како последица на конфликти. УНХЦР има глобална улога како водечка агенција којашто им помага на популациите погодени од конфликти и раселување. Летната школа има за цел да го промовира бегалското право кај студенти од светот и да ја продлабочува солидарноста со бегалците создавајќи разбирање за нивните страдања. Се надеваме дека прекуграничните пријателства помеѓу учесниците исто така ќе ги охрабрат младите да ја поддржуваат бегалската кауза насекаде низ светот. “

Германската амбасадорка Анке Холштајн нагласи дека земјава е светски позната за својот однос кон бегалците.

„Северна Македонија е добро ситуирана да биде домаќин на ваква школа. Таа е светски позната за својот однос кон бегалците земајќи ги предвид искуствата со босанските и косовските бегалци. Северна Македонија отсекогаш покажувала исклучително добар однос кон бегалци и мигранти,“ истакна Амбасадорка на Германија во Република Северна Македонија Анке Холштајн.

Директорката на Летната школа – проф. д-р Ирена Рајчиновска Пандева посочи дека се чини како да сме среде совршена бура поттикната од неколку кризи кои се преклопуваат и се надополнуваат.

„Ова се интересни времиња во кои живееме – се чини како да сме среде совршена бура поттикната од неколку кризи кои се преклопуваат и се надополнуваат – здравствена криза, економска криза, енергетска криза, климатски промени, глад и конфликти, како највлијателни меѓу водечките. Нивните ефекти се глобални и неизбежни, имајќи ја предвид сложената меѓусебна поврзаност на светот денес и предизвиците кои се огромни.  Совршената бура пред сè имплицира дека сите овие прашања се меѓусебно поврзани, така што директно или индиректно ќе бидат дискутирани во текот на летната школа.“

М.Д.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ