• Latest
Фото: Wikimedia common

Меѓународната група за жртвите на летот на Украинската авиокомпанија побара одговорност од Иран за соборување на авионот

December 30, 2022

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Меѓународната група за жртвите на летот на Украинската авиокомпанија побара одговорност од Иран за соборување на авионот

December 30, 2022 11:03
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Wikimedia common

Фото: Wikimedia common

Share on FacebookShare on Twitter

Министрите што ги претставуваат Канада, Шведска, Украина и Обединетото Кралство презедоа конкретни активности за да се осигура дека напорите да го повикаат Иран на одговорност за незаконското соборување на летот 752 на украинската Интернационална авиокомпанија (лет PS752) може да напредува во фазата на решавање на спорот, соопшти МНР на Украина.

Конкретно, тие побараа Иран да се подложи на обврзувачка арбитража за спорот поврзан со соборувањето на летот PS752 со 2 ракети земја-воздух лансирани незаконски и намерно од членовите на единицата за воздушна одбрана на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) во согласност со Член 14 од Конвенцијата за сузбивање на незаконски акти против безбедноста на цивилното воздухопловство од 1971 година.

Координативната група останува посветена на продолжување на напорите да го повика Иран како одговорен за неговото повеќекратно прекршување на неговите меѓународни правни обврски согласно неколку договори. Оваа акција е дел од поширокиот пристап за обезбедување на транспарентност, правда и одговорност на жртвите и нивните семејства.

Rано утрото на 8 јануари 2020 година, летот 752 на украинската меѓународна авиокомпанија беше соборен само 3 минути по полетувањето од меѓународниот аеродром Имам Хомеини во Техеран од најмалку два проектили на иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Конвенција за сузбивање на незаконски акти против безбедноста на цивилното воздухопловство е позната и како Монтреалска конвенција од 1971 година. Канада, Шведска, Украина, Обединетото Кралство и Иран се сите држави договорнички на оваа Конвенција.

Оваа Конвенција бара од државите да забрануваат, спречат и казнуваат одредени прекршоци против цивилната авијација, вклучително и незаконско и намерно уништување на воздухоплов во служба.

Државите договорнички имаат и меѓународни правни обврски според оваа Конвенција поврзани со гонење или екстрадиција на лица на нивната територија за кои се тврди дека извршиле прекршок против цивилното воздухопловство. Државата која го презела притворот на сторителот или наводниот сторител веднаш ќе направи прелиминарна истрага за фактите и ќе ги извести заинтересираните држави за своите наоди. Државата, исто така, мора да поднесе извештај до Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство, што е можно побрзо, за сите релевантни информации што ги поседува, вклучително и околностите за какво било прекршок против цивилното воздухопловство.

Државите договорнички се исто така обврзани да настојуваат да ги преземат сите практични мерки со цел да се спречат прекршоците споменати во член 1 од оваа Конвенција, вклучително и уништување на воздухоплов во служба.

Конвенцијата предвидува дека секој спор меѓу две или повеќе држави во врска со толкувањето или примената на оваа Конвенција, кој не може да се реши со преговори, на барање на една од страните, ќе биде поднесен на арбитража. Доколку страните не можат да се договорат за условите за организирање на независен арбитражен трибунал со јурисдикција да ја расправа оваа парница во рок од 6 месеци, секоја страна може да го упати спорот до Меѓународниот суд на правдата.

Подготви: Д. Мишев

Tags: авиосообраќајарбитражажртвиИранодговорност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ