• Latest

Mеѓународен ден за борба против хомофобијата: Никој не смее да биде дискриминиран!

May 17, 2019
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Mеѓународен ден за борба против хомофобијата: Никој не смее да биде дискриминиран!

May 17, 2019 18:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Mеѓународниот ден за борба против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, 17 мај, е установен со цел да се привлече вниманието на креаторите на политики и јавно мислење, општествените движења, јавноста и медиумите за насилството и дискриминацијата со која се соочуваат ЛГБТИ+ луѓето на меѓународно ниво.

Сексуалната ориентација на луѓето се однесува на тоа кон кого тие се привлечени и имаат односи. Сексуалните ориентации вклучуваат лезбејка (жени кои се привлечени од жени), геј (мажи кои се привлечени од други мажи), бисексуалци (привлечени од мажи и жени), пансексуални (привлечени од поединци, без оглед на полот), асексуалци (луѓе кои не се сексуално привлечени кон никого).

Трансродови (или транс) луѓе се поединци чиј родов идентитет или родовото изразување се разликуваат од типичните очекувања за родот што им бил доделен при раѓање. Не сите трансродови лица се идентификуваат како машки или женски.  Да се ​​биде трансродова личност нема никаква врска со сексуалната ориентација на една личност.

Водејќи се од принципот на еднаквост и недискриминација како основен елемент во заштитата на човековите права, гарантиран со Европската конвенција за човекови права (член 14) и засилен со Протокол бр. 12 кон Конвенцијата, кој на општ начин предвидува дека никој не смее да биде дискриминиран по било која основа, борбата против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата мора да прерасне во секојдневна борба во светски рамки.

Хомофобичните дела, систематското кршење на основните права на припадниците на ЛГБТИ+ заедницата се секојдневни, а многу често овие појави се поддржани од самите власти чија должност е да ги заштита своите граѓани од каква било дискриминација.

И во денешно време, во многу земји, ЛГБТИ+ заедниците живеат со секојдневна дискриминација врз основа на нивната сексуална ориентација, родовиот идентитет, родовото изразување или пол.

Заедницата е на мета на вербално или физичко малтретирање, како на пример со одземање на правото на работа или соодветна здравствена заштита, образование, домување, а понекогаш заканите знаат да бидат и опасни по нивните животи.

Понекогаш, непријателствата насочени кон ЛГБТИ+ заедницата се поттикнати од самите влади кои треба да ги заштитат. Во многу делови на светот, ЛГБТИ+ луѓето живеат во страв дека ќе бидат откриени, нападнати или дури и убиени.

Во пресрет на Меѓународниот ден против хомофобијата вчера во Собранието нa Република Северна Македонија по втор пат беше изгласан Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој стапува на сила веднаш по потпишувањето од Претседателот на државата, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Законот за спречување и заштита од дискриминација е т.н. lex generalis, односно не ја уредува детално секоја област на која се однесува. Во новиот Закон се вклучени општи одредби, кои подетално се уредуваат во посебни закони. Законот за спречување и заштита од дискриминација, со вклучувањето на основите на сексуална ориентација и родов идентитет, ја проширува заштитата од дискриминација кон оваа група на граѓани. Ова законско решение овозможува превенција и еднаков пристап до механизмите за заштита од дискриминација за сите граѓани. Основа за донесување на овој закон е токму Уставот на Република Северна Македонија, во кој се утврдени основните слободи и правата на човекот и граѓанинот.

ЦИВИЛ останува на ставот дека првиот чекор во одбрана и заштита на правата на ЛГБТИ+ лицата е подобрување на нивниот општествено политички статус. Мора да се работи на казнивоста на прекршителите на правата на овие лица. Должност на институциите е да помогнат во примената на Законот за заштита од дискриминација и говор на омраза, со негување на различностите, а не на култот на чиста и еднострана нација. Ниеден човек не треба да биде дискриминиран по ниедна основа.

Преку прифаќање на ЛГБТИ+ заедницата и разбирање на нивниот идентитет, можеме да научиме како да ги отстраниме ограничувањата наметнати од родовите стереотипи, кои се штетни за сите членови на општеството.

ЦИВИЛ како организација секогаш ќе стои во одбрана на фундаменталните човекови права и слободи, а тоа подразбира и правото на сексуална ориентирација, правото на слободата на изразување и правото на праведен и слободен свет.

Ангела Петровска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share62Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ