Ромската заедница сака што побрзо да отпочнат преговорите со Европската унија и час поскоро да станеме дел од европското семејство, вели Елвис Мемети од политичката партија АВАЈА, во интервју за ЦИВИЛ Медиа.
Тој додава дека повеќе од 30 години немаме претставник од ромската етничка заедница во дипломатската свера, во конзулатите, во амбасадите.
„Меѓутоа, да не одиме понатаму, ние 30 години се бавиме со област која се вика „без ресор“ тогаш за каков сериозен пристап можеме да зборуваме за ромската лојална заедница која што 30 години е манипулирана во однос на политичката свера“, вели тој.
Дехран Муратов
камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети