• Latest

Мерката 14.500 плата ќе ја користат и управителите и сопствениците, а бројот на вработени да се задржи до јули 2020

April 10, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мерката 14.500 плата ќе ја користат и управителите и сопствениците, а бројот на вработени да се задржи до јули 2020

April 10, 2020 08:19
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Мерката за поддршка на работодавачите од приватниот сектор за 14.500 денари плата по вработен може да ја користат и управителите и сопственици на бизнисите вработени во истите. Ова го предвидуваат измените на Уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствената економска криза, заради исплата на плати за април и мај, што ги донесе Владата вчера на седница. 

Со Уредбата се прави измена и во делот на периoдот на обврската за задржување на бројот на вработени кои работодавачот треба да ги задржи два месеца по користење на мерката, односно до јули 2020 година. Претходно обврската беше да се задржи бројот на вработени заклучно со септември 2020 година. 

„Флексибилноста, брзата реакција и слухот се клучни во менаџирањето на ваквата кризна состојба. На владина седница донесовме измена на Уредбата. Делуваме во насока на поддршка на стопанството и задржување на секое работно место“, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил најавувајќи ги измените.

Како што појаснува измените се во насока на заштита на микро и мали фирми.

На оваа мерка, како што појаснуваат во соопштението од владината прес-служба по донесување на Уредбата,  компаниите не може да аплицираат единствено за свои вработени за кои се ослободени од плаќање придонеси и персонален данок преку проектите „Македонија вработува” или доколку се одлучат да ја искористат мерката за субвенционирање на 50 отсто од придонесите во вонредна состојба, која е дел од првиот сет на мерки за справување со кризата.

Оваа мерка е дел од вториот пакет економски мерки на Владата за справување со кризата, а предвидува финансиска поддршка на работодавачот – барател за месеците април и мај 2020 година во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник, сразмено на остварените ефективни часови поминати на работа.

За да може работодавчот да ја користи оваа мерка треба да има намалување на приходите најмалаку 30 отсто, да не исплаќаат дивиденди на сопствениците, како и бонуси, годишни награди, награди за деловна успешност и слично на вработените и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот, и просекот на делот на највисоките нето плати на 10 отсто од бројот на вработени да не надминува износ од 120.000 денари месечно по вработен.

Според Владата со мерката се поддржува ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор, односно се намалуваат нивните трошоци за плати во функција на заштитата на работните места на работниците во услови на криза.

Финансиската поддршка не се однесува на оние вработени кои за месеците декември 2019 година, јануари и февруари 2020 година примиле нето плата повисока од 39.900 денари.

Работодавачите што ќе добијат финансиска поддршка од оваа мерка имаат обврска истиот број на вработени што го имале во моментот на аплицирање да го задржат заклучно со месец септември 2020 година.

Добиената финансиска поддршка нема да ја враќаат работодавачи што искажале загуба за 2020 година. За останатите враќањето е лимитирано до износ од 50 отсто од добивката пред оданочување зголемена за оданочивите расходи.

Работодавачите можат да поднесат барање за користење на оваа мерка преку системот е-даноци.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ